ЏОНИ ДЕП дојде во Србија и посака РАКИЈА 🤣

Во зградата на Геозаводот во Белград се одбележува првата година од работата во Србија на студиото за анимација Iervolino Studios.

Џони Деп за време на својот говор ги насмеал сите кога ја споменал ракијата „шљивка“.

За време на говорот тој рекол дека е добро што никој, барем на приемот, не му дал ракија, но дека тоа нема да потрае долго и дека не може да му одолее на овој пијалак.

– Немам сомнеж дека овој проект ќе привлече повеќе уметници и продуценти да дојдат овде и да договорат работа. Овде е совршено како во Холивуд. Дочекан сум како и секогаш – феноменално. Ви благодарам што ме поканивте, никој уште не ми дал „шљивка“ што е добро, но добро само, веројатно, во следните 10 минути. Ја обожавам вашата земја и вашите луѓе, ја чувствувам искреноста. Бог нека ве благослови и ви благодарам, рекол Деп.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  се сретна со холивудската ѕвезда Џони Деп, кој денеска пристигна во Белград.

Како што соопштија од неговиот кабинет, тој нагласи дека за почитта што ја покажува кон Србија, како и за бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе во Србија, ќе го одликува Џони Деп на свечена церемонија на Денот на државноста на Република Србија.

– Почестен сум со одлуката да ми биде доделен Орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја, посочи Џони Деп, заблагодарувајќи му се на претседателот Вучиќ за укажаната чест.

Вучиќ му се заблагодари на Деп за се што прави за промоција на Србија.
„Ви благодарам, драг Џони, за се што правите за промоција на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, каде објави и фотографии со холивудскиот актер.