Грандиозната свадба на ќерката на Бил Гејтс (Фото галерија)

Најстарата ќерка на Мелинда и Бил Гејтс, Џенифер Катарина Гејтс минатиот викенд се омажи за професионалниот возач, Египќанецот Најел Насар.

Џенифер ги откри деталите за раскошната венчавка за списанието „Вог“.

На церемонијата имало 300 гости, а биле потрошени околу два милиони долари. Џенифер рече дека е тешко да се планира венчавка за време на пандемија и во моменти кога нејзините родители се разведуваат.

“Ова беше година со предизвици, и со пандемијата и со нашето семејство низ транзиција. Но, нашата љубов еден кон друг е постојана. Можноста да се прослави свадба со најблиските пријатели и семејството беше остварување на сонот”, рече Џенифер.