Метеор што беше видлив од голем дел на земјата вечерва падна на територијата на Хрватска – имаше зеленкаст сјај, а беа забележани три посилни блесоци, пренесува „Далмација данас“.
Интересен астрономски настан се случи во вечерните часови, а многу набудувачи известуваат дека станува збор за многу светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.
-Со оглед на многуте прашања и извештаи за многу светли метеори кола видени во Хрватска вечерва во 18.28 часот, сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност бидејќи е предвидена максимална активност на метеорскиот рој Орионид во раните утрински часови на 21 октомври – рекоа од Хрватскиот астрономски сојуз.

