Connect with us

Спорт

Војводи Тетово: Градскиот стадион е НАШ ДОМ, одлуката за забрана за играње на Тетекс да се ПОВЛЕЧЕ

Навивачката група Војводи од Тетово апелира да се повлече одлуката од општина Тетово за забрана за настап на спортскиот клуб Тетекс на градскиот стадион во Тетово, тие велат стадионот е нивен дом и ќе организираат протест за да престанат поделбите на етничка основа со ваквиот потег на општинските власти.

Поради ново настанатата ситуација околу Градскиот стадион во Тетово и информацијата која ја добивме од нашиот клуб Тетекс дека Општина Тетово во координација со фудбалскиот клуб шкендија посакува братското дерби да го забрани по секоја цена да се одигра во сабота на Градскиот стадион во Тетово, ние како навивачка група ВОЈВОДИ јавно упатуваме апел до надлежните во Општина Тетово и шкендија да се вразумат и нивната вчерашна одлука да ја повлечат, да се извинат и да не предизвикуваат непотребни конфликти и омраза кон Тетекс и Македонците во Тетово ! Затоа што оваа забрана за настап на Тетекс на Градскиот стадион ќе ја прифатиме исклучиво само како поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост, омраза кон македонскиот народ, свесно предизвикување на немири, проблеми во градот и против развојот на спортот. Исто така да напоменеме дека во последните неколку години сме сведоци на една кампања на која целата реторика е “едно општество за сите” па би сакале да прашаме дали ова е тоа “едно општество за сите” ? За каква еднаквост зборуваме кога во општините каде што Македонците се со помал процент на жители не се применува таа еднаквост. Ако таа еднаквост ја нема секаде тогаш зошто да мачкате очи со тоа ширум македонската јавност или пак таа еднаквост не е намената во средините каде што живееат поголем процент на албански граѓани ?
Ние тука не сме сирачиња кои ќе се условуваат кога би можеле да играме како што ни се налага цело време, а тоа е наместо во сабота натпреварот да се игра во петок или понеделник.
Стадионот е граден од парите на нашите дедовци, чичковци, татковци кои работале за помала плата на времето во фабриката Тетекс со цел Тетово и Тетекс да добијат фудбалски храм како што доликува. Градскиот стадион во Тетово е НАШ СТАДИОН, НАШ ДОМ !Доколку оваа одлука не се укине и продолжи инатот од страна на Општина Тетово и шкендија која без никаков правен документ го држи стадионот во нивна сопственост, ќе бидеме приморани да излеземе на улица да ја бараме правдата, но и покрај улица ќе започнеме и правна борба за нашиот стадион !
Ако не се изнајде решение ќе ги повикаме сите поранешни работници во фабриката Тетекс кои плаќале за овој стадион, поранешни и сегашни фудбалери на Тетекс од цицибани до сениори, сите поранешни и сегашни македонски советници во Општина Тетово, сите генерации на нашата навивачката група, сите фанови на Тетекс, љубители на спортот во Тетово, СИТЕ МАКЕДОНЦИ да застанат зад нашиот протест кој ќе го најавиме !
Македонецот доста време е угнетуван од сите страни во Тетово, Македонецот во Тетово време е да го крене својот глас додека не е предоцна, Македонецот во Тетово време е да покаже дека ова е негов град, дека ова е Македонија и дека нема да има намера да потклекнува !
Можеби сите мислат дека малку останавме, но се уште многу сме и НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ !!!
ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИЈА ВО ТЕТОВО !
СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !!!

Пишуваат од навивачката група Војводи.

Спорт

Омерагиќ: Конструктивен состанок за избор на нов селектор на македонската А репрезентација

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На состанокот беа разменети размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна концепција и континуитет во работата со најдобрата селекција.

Предлогот за нов селектор ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември.

Continue Reading

Спорт

„Пелистер“ го слави јубилејот: 90 години планинарска традиција и спортски успех

Најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво во Република Македонија, Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ – Битола, формиран уште во далечната 1935 година, со гордост одбележува импозантни 90 години постоење. Оваа годишнина не е само јубилеј, туку прослава на една богата традиција, која ги постави темелите на организираното планинарење и скијање во земјава.

Во рамките на јубилејната програма, вечерашниот настан во Битола ќе биде вистински магнет за сите љубители на планината. Пред планинарите и рекреативците од градот и државата, во Битолскиот театар ќе гостува д-р Сашко Кедев, кој ќе ја претстави својата презентација „14х8000 метри“.

Прославата кулминира во недела со традиционална планинарска пешачка тура на планината Баба, која ќе ги собере сите генерации на едно место, во природата.

Забележано во архивите како вистинска приказна за успехот, клубот е основан во 1935 година како Туристичко-планинарско друштво „Пелагонија“. ПСК „Пелистер“ е негов правен наследник, како основоположник на македонското национално планинарско движење.

Во текот на своето деветдецениско постоење, ПСК „Пелистер“ ги има најголемите имиња на битолското и македонското планинарство. Невозможно е да се спомене клубот, а да не се истакне името на Димитар Илиевски Мурато – првиот Македонец кој во 1989 година го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест.

Од клубот произлегоа и бројни државни прваци во скијање во сите категории, а нивните планинари ги освоија највисоките точки од Балканот (Мусала, Олимп, Триглав, Кораб…) па сѐ до најдалечните и највисоките врвови на Европа и светот: Елбрус, Матернхорн, Арарат, Монблан, Врвот на Комунизмот, Хималаите, Аконкагва, Килиманџаро…

Дефинитивно, ПСК „Пелистер“ не е само клуб – тој е жива историја и вечна инспирација за сите кои сонуваат за височините.

Continue Reading

Спорт

Пелистер го совлада Вардар: Победа што ја поттикнува надежта за спектакуларна сезона

rk pelister

Во атмосфера за паметење, пред преполната сала „Боро Чурлевски“, Еурофарм Пелистер го совлада вечниот ривал РК Вардар 1961 со убедливи 28-23 (13-10) во дербито на 16. коло од македонската Суперлига. Битолчани одиграа маестрален натпревар, носени од навивачката еуфорија и фантастичната форма на неколку поединци.

Најистакнат играч беше Богдан Радивојевиќ, кој одржа вистинска лекција по реализација. Десното крило постигна неверојатни 9 гола од 9 обиди, заслужено грабнувајќи ја титулата најефикасен и најдобар играч на мечот. До него, голманот Саид Хаидаридад, кој спушти рампа пред „вардарци“ со 12 одбрани. Капитенот Филип Кузмановски исто така имаше извонредна вечер, постигнувајќи шест погодоци.

Кај гостите од Скопје, прв стрелец беше Хориха со шест погодоци, но тоа не беше доволно да се скрши цврстата „зелено-бела“ одбрана.

И покрај поразот, РК Вардар 1961 ја задржува лидерската позиција во домашното првенство со 30 бода, но разликата се намали на само два бода. Пелистер сега има 28 поени, додека РК Охрид и Алкалоид си делат по 23 бода по 16 одиграни кола.

Во следното 17. коло, Еурофарм Пелистер го очекува пеколно гостување кај РК Охрид. Се очекува ракометна драма и возбудлив дуел во „Билјанини Извори“. Вардарци, пак, ќе имаат шанса за поправен пред домашната публика против Радовиш.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг