Connect with us

Македонија

Во сообраќајната несреќа која се случи претпладнево на автопатот Скопје – Тетово, загина 45-годишна жена

Во сообраќајната несреќа која се случи претпладнево на автопатот Скопје – Тетово, загина 45-годишна жена. Нејзиното возило, кое имало американски таблички, излетало и се превртело на патот, при што загинала на местото на несреќата. Според првичните информации, таа изгубила контрола над џипот, излегла од коловозната лента и се превртела.

„Денеска околу 10:50 часот на автопатот Скопје-Тетово кај надвозникот Дебарца, поточно на почетокот на Еребино, се случи сообраќајна незгода каде автомобил тојота со странски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот, така што возачот жена Ф.Л., 45 години, го загубила животот од здобиените повреди.

Имајќи во предвид дека за два дена имавме две сообраќани несреќи со смртни последици, ја користам можноста да апелирам да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, бидејќи знаеме дека во овие несреќи причина број еден е пребрзото возење“, изјави Фатмир Реџепи Портпарол на СВР Тетово.

Македонија

Пролетни температури во декември: Сончевото топло време во текот на целата седмица

Продолжува доминацијата на високиот воздушен притисок, односно Антициклонот, кој и оваа седмица ни носи пролетно време.

Заборавете на студената зимска идила – времето останува стабилно и суво, а деновите ќе бидат натпросечно топли, иако утрата ќе бидат спартански ладни. Термометрите на повеќе места наутро ќе се спуштаат до минусни температури, што налага внимателно облекување пред изгрејсонце.

Сепак, не секаде ќе биде сончево. По котлините и речните долини, особено во текот на ноќта и утрото, маглата и ниската облачност ќе создаваат густа завеса. Овој феномен нема да ја заобиколи ниту Скопската котлина, каде што во утринските часови се очекуваат значително отежнати услови за сообраќај.

Дневните температури се вистински шок за декември. На повеќе места тие упорно ќе надминуваат 10 степени, додека во југоисточните предели живата може да скокне и до околу 15 степени. Ова значи само едно: невообичаено високите температури за овој период од годината продолжуваат да го одбележуваат целиот работен и празничен дел од седмицата.

Меѓутоа, оваа стабилна доминација се чини дека ќе биде прекината кон крајот на седмицата. Во сабота, на 20 декември, се очекува позначителна облачност и појава на повремен локален дожд. Подгответе се за мала промена на плановите за викендот.

Continue Reading

Македонија

Кадровски „ресет“ во СДСМ: Утре се избира новото партиско раководство

СДСМ утре ќе го официјализира новото партиско раководство, по турбулентниот почеток на декември кога, на барање на претседателот Венко Филипче, целото раководство поднесе оставка. Потег што од партијата го опишаа како „одговорен и морален“, а кој отвори простор за темелно кадровско рестартирање.

Филипче најави дека списокот со новите потпретседатели и членовите на Извршниот одбор е веќе затворен и дека јавноста утре ќе дознае кои лица ќе ја водат партијата во наредниот период. Според него, станува збор за внимателно избалансирана комбинација од искусни партиски кадри и млади луѓе со нова енергија.

„Се избира ново раководство – нови потпретседатели и нов Извршен одбор. Практично, нова сила во партијата, спој на искуството и младоста“, изјави Филипче во централниот дневник на „Сител“.

Лидерот на СДСМ најави и поширока офанзива надвор од партиските рамки – отворен фронт со граѓаните, политичките актери и граѓанскиот сектор, со цел, како што рече, да се стави крај на криминалната власт во државата.

Потсетуваме, на 2 декември, по иницијатива на Филипче, целото раководство на СДСМ поднесе оставка, со што започна процес на внатрешна реорганизација. Од партијата тогаш порачаа дека следува период на кадровско освежување, организациско зајакнување и вклучување на нови лица.

Утрешниот ден, според најавите, треба да ја покаже новата слика на СДСМ – со нови луѓе, нова поставеност и амбиција партијата повторно да се позиционира како силен политички играч на сцената.

Continue Reading

Македонија

Новогодишното украсување на Општина Тетово за 25.000 евра

Со мнозинство во Советот на Општина Тетово, на вонредна седница одржана онлајн доцна вчера попладне, се изгласа мнозинство иницијативата за празнично украсување на градот, одвојувајќи дарежливи 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра за таа цел.

Оваа одлука, која претставува измена и дополнување на Програмата за активности во областа на културата за 2025 година, стави крај на долгогодишната „суша“ на новогодишна декорација.

Програмата беше изгласана со силната поддршка на советничкото мнозинство, составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ… Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, ентузијастички информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Сепак, одлуката не помина без отпор. Против гласаа советниците од коалицијата НАИ, додека воздржани останаа советниците од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ, потенцирајќи ја политичката поделба околу приоритетите.

Оваа одлука е особено значајна, бидејќи доаѓа по цели години во кои улиците и градскиот плоштад остануваа мрачни за време на празниците.

Во последните години од вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, и за време на целиот прв мандат на актуелниот градоначалник Билал Касами, официјалното образложение беше идентично: дека општината немала пари за новогодишни украси. Сега, со обезбедените 25.000 евра, градот е подготвен да ја прекине оваа непразнична традиција и да ја врати магијата на улиците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг