Connect with us

Македонија

Димитар Ѓоргиев е нов СВЕТСКИ ШАМПИОН во кик-бокс!

Published

on

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик.

Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија.

Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс!

За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.

СИТЕ БОРБИ НА ДИМИТАР ЃОРГИЕВ НА СП 2021 ВО ИТАЛИЈА:

ДИСЦИПЛИНА ЛОУ КИК (до 81 кг.)
Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
ПОЛУФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
ФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0

Македонија

ВРЕДИ: Главната идеологија на ДУИ е личниот интерес!

Published

on

Новиот Артан Груби се обидува да ги демантира Али Ахмети и Бујар Османи. Очигледно најавите за бојкот на локалните избори му ги загрозуваат шемите на Блерим Беџети со Данела Арсовска, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Новиот Артан Груби се обидува да ги демантира Али Ахмети и Бујар Османи. Очигледно најавите за бојкот на локалните избори му ги загрозуваат шемите на Блерим Беџети со Данела Арсовска, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Не случајно поранешниот заменик градоначалник на Скопје на говорницата во Советот изјави дека Данела Арсовска за градот се служи со искуствата од Сарај. На 6 месеци пред почеток на кампањата на Беџети не му одговара лузерската тема за бојкот бидејќи не може до крај да ги реализира комбинациите за профит.

Едноставно, никој не сака да биде во друштво со губитници. Затоа, Беџети ја модификува тезата, демек ДУИ бил спремен за избори ама тие немале да се одржат ако се чепнел Албанскиот јазик.

Коалицијата ВРЕДИ му порачува на ова изгубено раководство на ДУИ: Прво, не се чепка во Албанскиот јазик туку се постапува и ќе се постапува за санкционирање на криминалот на вашите поранешни функционери. Второ, сценариото за политичка криза што го договарате со политичари што се на црна листа е поврзано исклучиво со вашиот патолошки страв од пораз на локалните избори. Трето, Албанскиот народ не е наивен да дозволи едни обични лопови од ДУИ да го манипулираат со лажни приказни за наводна “деалбанизација” и затоа следува жестока казна која ќе ве испрати на буништето на политичката историја, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Continue Reading

Македонија

Полицијата за време на викендов казнила повеќе од 2.000 возачи – еве за што најмногу се казнувало

Published

on

Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.

Во деновите од изминатиот празничен викенд (08/09.03.2025) како и во петокот (07.03.2025), сублимираните статистички бројки од преземените сообраќајни контроли во поглед на спроведувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила на патиштата низ земјава, покажуваат дека во викендите и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните критериуми.

И овој пат во рамки на посочените денови евидентиран е релативно поголем број издадени платни налози 2045, во која што бројка предничат прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 637, потоа неправилно паркирање 393 прекршоци. За возењето без возачка дозвола изречени се 225 мерки како и возење под дејство на алкохол 146 санкции.

Инаку во сообраќајните контроли полициските службеници во 115 случаи издале прекршочни платни налози заради некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење на мобилен телефон при возење, како и 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Continue Reading

Македонија

Потпишани укази за враќање на девет македонски амбасадори, заминале надвор од законската процедура

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, објави кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот, стои во објаснувањето содржано во соопштението.

Во согласност со донесените укази, се отповикуваат:

– Јакуп Реџепи од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина, со седиште во Сараево;

– Џенк Сејфула од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска, со седиште во Стокхолм;

– Методија Белевски од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија и од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор за Големото Војводство Луксембург, со седиште во Брисел;

– Агнеза Руси Поповска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, со седиште во Софија;

– Емил Крстески од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага;

– Пајо Авировиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, со седиште во Виена;

– Зеќир Рамчиловиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора, со седиште во Подгорица; и

– Катерина Ставреска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон.

Исто така, претседателката Сиљановска-Давкова донесе Указ за отповикување во редовна постапка на Светлана Гелева од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, поради завршување на мандатот.

Во согласност со донесените укази, должноста на амбасадорите им престанува на 30 април 2025 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк