Малолетната ќерка на Хајди Клум со провокативна фотографија: Дали е ова легално?

17-годишната ќерка на Хајди Клум ,Лени Клум, објави фотографија на својот профил на Инстаграм што вознемири некои од нејзините следбеници.

На фотографијата, Лени позира во раскопчана и полуоблечена јакна, под која нема ништо. Голите гради ги покрива со едната рака, а многумина почнаа да се прашуваат дали такво нешто е прифатливо со оглед на тоа што се уште не е полнолетна.

„Дали е ова воопшто легално? Па, таа има 17 години“, напишал коментатор.

„Девојко, премногу си млада, кој ти го дозволува тоа? прашал друг.

„Таа е навистина премногу млада за ова“; заклучил трет.

Лени неодамна била видена на ретка средба со нејзиниот татко Сил. Хајди се омажила за италијанскиот претприемач Флавио Бријаторе, но кога се родило девојчето, Хајди веќе раскинала со Италијанецот и започнала врска со Сил, кој Лени набрзо легално ја посвоил.

Девојчето тргна по стапките на својата мајка и сега е манекенка