Шилегов жално: Не влегов во политиката за да зapaботам пapи, се’ што стекнал во животот е од плата (Видео)

Во синоќешното гостување во емисијата “Само интервју” на “Канал 5” телевизија, се уште актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, истакна дека во политиката не влегол за да заработи пари и дека се’ што стекнал досега е од приходи.

Шилегов смета дека не се сите граѓани исти во земјава, како и дека тој бил предмет на црна камппања во однос на неговиот имот кој го поседува.

-Не сме сите исти. Разбрана е пораката од страна на СДСМ, луѓето се поважни од политиката, да продолжиме Скопје да го движиме напред кон модерна Европска престолнина – истакна меѓудругото Шилегов.