Connect with us

Скопје

ТРАГЕДИЈА – Почина млада наставничка од Чаир, колегите во тага

Published

on

Млада наставничка во Основното училиште „Лирија“ oд скопско Чаир, Анеса Сабедини, почина на млада возраст.

Оваа вест ја објави училиштето Лирија на официјалниот профил, изразувајќи сочувство до семејството.

„Почитувано семејство Сабедини! Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата колешка Анеса Сабедини. Оваа наша болка е поврзана со работа полна посветеност и љубов кон студентите. Запомнете ја како вреден и грижлив учител со сите нас. Во име на сите колеги и вработени во училиштето, прифатете искрено сочувство. Почивај во мир наша Анеса!Нека е вечен споменот на нашата колешка“.

Не се познати причините за смртта на оваа млада наставничка.

Скопје

74-годишна жена прегазена на паркинг во Скопје

Published

on

„Мерцедес“ прегази повозрасна жена пешак на паркинг во Скопје. 

– На 04.11.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(58) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(74) од село Вратница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Continue Reading

Скопје

Делови од Карпош денес без вода

Published

on

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (вторник) поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. 8-ми Септември до ул. Никола Тесла (општина Карпош). 

Прекинот ќе биде во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата. 

Continue Reading

Скопје

Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во општина Аеродром

Published

on

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и в.д директорот на Здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата по претходно определен датум и по добиена писмена согласност од родител или старател на ученикот.

Митески по потпишувањето на Меморандумот, истакна дека само со меѓусебна грижа за здравјето на децата, можат да се создадат услови за превентивна заштита и правилен раст и развој.

Стојаноски посочи дека се планира овој проект да не биде еднократен, туку тој да се воведе како редовна практика со цел превенција на младата популација.

Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите институции со кои можат да се создадат уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмлади жители, велат од локалната самоуправа. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк