“Лично ќе ти се одмаздам”: Закани за професорот што ја напушти комисијата со Бугарија

Закани од владин претставник кон проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев кој вчера си даде оставка од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања што предизвика вистинска бура на домашната политичка сцена и во севкупната јавност.

За заканите пишува порталот пресингтв.мк.

На крајно сериозните обвинувања од страна на проф.Ѓорѓиев за мешање на висок функционер на МНР во работата на комисијата и напуштање на ставовите во Резолуцијата на Собранието за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија од сдтрана на нејзините членови, следуваа, најблаго речено, безлични реакции од засегнатите институции, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи, најави и истрага за случувањата и целиот настан.

Во потрага по дополнителни информации, со цел да му помогне на министерот Османи во истрагата, Пресинг ТВ го контактирале професорот Ванчо Ѓорѓиев кој поради чувствителноста на политичкиот момент се воздржувал од коментирање на сите изјави но сепак за „Пресинг ТВ“ открил дека е згрозен и загрижен поради постапката на „високиот функционер“.

“Притоа откри дека вчера (22.10.2021), час и половина по неговото заминување од МНР, откако им соопштил на неговите колеги дека ја напушта работата на Комисијата, во 10,25 часот му се јавил „високиот функционер“ при што настојувал да го разубеди да го преиспита својот став и да се врати и да продолжи со работа во Комисијата, токму поради чувствителноста на политичкиот момент. Според професорот Ѓорѓиев, овој разговор траел точно 18 минути и 30 секунди.

Подоцна, откако професорот Ѓорѓиев го објави своето Соопштение до македонската јавност, во 12,51 повторно му заѕвонил „високиот функционер“. Овој пат разговорот траел само 43 секунди. Во овој краток период „високиот функционер“, меѓу другото, на професорот му рекол „Да знаеш, за ова лично ќе ти се одмаздам“, пренесува порталот.

Професорот Ѓорѓиев, смета дека „високиот функционер“ не настапува лично, туку дека е пренесувач на инструкции и пораки од повисоки инстанци.

Повеќе детали на овој ЛИНК