Connect with us

Македонија

Кампања – „Безбедно на ТРАКТОР“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предупредуца дека во овие есенски денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот итн., бројот на земјоделски возила (трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот) значително се зголемува. Ова претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај,

Сообраќајните незгоди во кои што учествуваат земјоделски возила најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети. Статистичките податоци покажуваат дека:

• секоја година по неколку возачи на трактор и патници на трактор или приколка го губат животот во сообраќајни незгоди;

• во првите шест месеци од 2020 година, еден возач на трактор го загубил животот, а во сообраќајна незгода се повредени 12 лица;

• во летниот период од 2020 година, според неофицијални податоци на РСБСП, двајца возачи на трактор го загубиле животот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат совесни и да размислуваат за опасностите во сообраќајот.

РСБСП посебно апелира до возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.

Искуството од теренот и податоците од станиците за технички преглед на возила покажуваат дека голем број на возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола, како и дека голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини учествуваат во сообраќајот нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни.

Во рамки на кампањата „Безбедно на трактор“, РСБСП во соработка со МВР, организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоресцентни налепници, триаголници и ротациони светла.

РСБСП реализира и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел подигнување на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор итн.

Реализацијата на оваа кампања ќе придонесе за повисока сообраќајна едукација на возачите на трактори, приколки, мотокултиватори и останатите учесници во сообраќајот, како и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

РСБСП апелира до возачите на трактори и други работни машини:

„Бидете внимателни и означете ги возилата со законски пропишаната сигнализација кога сте вклучени во сообраќајот. Бидете видливи за останатите учесници во сообраќајот за да се избегнат сообраќајни незгоди со повреди и несакани загуби.“ предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг