Connect with us

Македонија

Објавени идентитетите на полицајци кои малтретирале граѓани

Published

on

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од лицата за кои, како што претходно соопшти, има информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување.

„ Сите до еден се вработени во МВР. И сите до еден одработувале за Заев и Спасовски. Не пробувајте да ги заштитите и понесете одговорност.

Ова се идентитетите на полицајците кои наместо во име на законот во име ма Заев и Спасовски „убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици” :

Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп
Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп
Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп
Андреј Лашкоски – БПС
Игор Нешкоски – БПС
Стефан – гранична
Давор Паскоски – БПС
Мелита – ПС
Невенче – администратор во БПС
Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски
Коста Талески – ПС во дежурна
Венко Илиески – БПС
Валентин Димоски – БПС
Жарко Цуцулоски – БПС
Андреј Дукоски – БПС
Теодора Китаноска – БПС
Александар Крајоски – БПС
Љубе Стојаноски – БПС
Стефан Кучкарот – БПС
Борче Црнески – БПС
Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп
Анастас Паризо – БПС
Игор Божиноски – БПС
Марјан Мачорот – БПС

Доста е од бегање од одговорност. Време е за одговорност“ – стои во партиското соопштение.

А во прилог на истото до медиумите беа испратени следниве фотографии:

Скандалот кој денес ќе го откриеме содржи информации кои потврдуваат зошто имаме режим. Информациите ни се доставени од загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. За што станува збор: Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители, истакна Ковачки на денешната прес-конференција.

Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека полицијата координирано следела и малтретирала членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”. Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало“, велат од МВР.

Од МВР велат дека не постои таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.

Во исто време, велат од МВР, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што, како што велат од МВР, говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.

„МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата“, се наведува во соопштението.

Македонија

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во тв гостување неодамна, беше запрашан како се чувствувал кога го видел Сашо Мијалков со луксузно возило во Монте Карло.

„Што да ви кажам сега јас?“, рече тој, додавајќи дека се чувствувал како и секој македонски граѓанин разочарано. Погледнете тука што вели тој.

Continue Reading

Македонија

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН – прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

Published

on

Последниот пост на Раде Трајковски Штекли на Инстаграм беше во Будва на 4 јануари оваа година.

Тој, пред вчера да биде уапсен, ги помина празниците на црногорското приморје. 

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.  

Вчера попладнето на повеќе локации се вршеа претреси.

„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на денешниот ден.

Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што е познато, апсењето на Трајковски-Штекли е дел од пошироката операција на МВР, која во изминатиот период резултираше со уапсени десетици членови на криминални мрежи, вклучително припадници на Беланоца, поврзани со повеќе убиства и трговија со дрога.

Полицијата истражува наводи за вмешаност на висок полициски функционер во соработка со скопските наркокланови.

По апсењето на Раде Трајковски-Штекли, кој е осомничен за раководење со мрежа за трговија со дрога, се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник. Се претпоставува дека телефонот би можел да содржи докази за протекување информации кон криминалните групи.

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

Published

on

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 20 до 27 јануари, и тоа барем според моменталните изгледи и излези на Европскиот модел (ECMWF), ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени. Исто така, и врнежите ќе бидат потпросечни, иако во вторник и во среда, на 21  и на 22 јануари ќе имаме услови за локални послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300, 1400 метри ќе има слаби врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе биде претежно тивко. Но мора да напоменам дека по котлините ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови, па така во овие котлини ќе имаме  и пониски максимални дневни температури на воздухот.

И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно време во периодот од 20 до 27 јануари, но во вторник и во среда ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд, а на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Ќе биде претежно тивко, а во пониските предели од котлината ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро исто така ќе бидат во пораст  и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, само во почетокот на следната седмица сеуште тие во делови од Македонија, односно особено во Беровскиот регион ќе се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над нулата и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, но како што напоменав пониски дневни температури ќе има на местата со магла и со ниска облачност. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4  и 3 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 5  и 9 степени“, објави тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк