Цеца ја прашале како ќе РЕАГИРА ако ЈК би се ПОЈАВИЛА во Ѕвездите на Гранд: Еве што одговорила

Светлана Цеца Ражнатовиќ во црна мини сукња со сребрени чизми дошла на снимање во Ѕвездите на Гранд.

Пејачката зборувала за ќерката Анастасија, го спомнала и покојниот маж Жељко Ражнатовиќ Аркан, а потоа следело прашање и за Карлеуша.

– Кај мајками морав се да знам, одржување и готвење, се, но кога се омажив за Жељко ми се раздени, неморав ништо – насмеана рекла Цеца.

На прашање дали и се пожалила Анастасија на некоја домашна работа која не и оди, Цеца одговорила:

– Да ви кажам нешто, јас не сум ПР на Анастасија Ражнатовиќ, повикајте ја, таа е љубезна кон медиумите, па нејзе поставете и ги сите можни прашања, рекла Цеца.

Едно прашање останало неодговорено, а се однесувало на Јелена Карлеуша.

Кога била прашана коко ќе реагира Јелена да се појави како специјален гостин во жири, таа рекла:

– На тоа прашање нема воопшто да одговорм, бидејќи тоа воопшто е невозможно.

На инсистирање да одговри, порачала:

– Ве молам, не правете проблем таму каде што го нема.