Connect with us

Македонија

Димитров бил гласот на граѓаните: Ќе гласал за Шилегов со чиста совест

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се јави на социјалните мрежи со порака
за поддршка на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.


Димитров пишува дека се мислел дали да се заложи за кандидат на локалните избори,
бидејќи не е партиски човек, но чувствувал обврска кон граѓаните на Скопје да го соопшти
мојот став.


„Со гласачите од ИЕ 1 имаме заемна доверба од парламентарните избори. Секогаш сум бил и
ќе бидам гласот на граѓаните. Немам политичка, ниту етничка обврска да давам бланко
поддршка водејќи се од буквите на партијата, по логика што мене не ми е блиска: ако се
моите, добри се без разлика на сè – ако се другите, лоши се без разлика на сè”, започнува во
својата објава на социјалната мрежа Фејсбук Димитров.


Димитров е роден во Скопје и пораснал во Центар, а голем дел од детството го поминал и кај
неговата баба во Карпош.


„Си го сакам Скопје, иако кога можам го заобиколувам плоштадот што искрено преку Скопје
2014 го направија прослава на кичот. Го сакам Скопје со сите негови маани. Можеби сум
пристрасен, бидејќи речиси нема улица и сокаче каде немам сеќавања, ама градот ни има
голема душа. И токму затоа, како граѓанин, решив да си кажам што мислам за изборот за
градоначалник на мојот град“, додава Димитров.


Со ова писание, вели Димитров, сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре
Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест.
„Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален
градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам
никакви дилеми. За нашиот избор пак во поширока смисла, што се однесува на стратешкиот
правец на татковината, ситуацијата ни е тешка. Опозицијата ниту помага, ниту реално се тркаво истиот правец – силна и европска демократија, слобода и правда за сите, членка на НАТО и
заслужена, иако сè уште неостварена одлука на ЕУ за почеток на пристапните преговори“,
пишува Димитров во својата објава.


Од друга страна, на Димитров му е сосема јасно дека за многумина тоа не е доволно.
„Јасно ми е дека поминаа речиси пет години. Режимот тешко да се памети. Лекцијата од
првиот круг локални избори е дека мора да се работи поинаку, далеку подобро и поискрено.
Парадоксално можеби, но или ќе се разбере таа лекција вистински и ќе се вози директно
нагоре или ќе се стркала колата повторно надолу. Од резултатите на таа лекција навистина ќе
зависи многу… или сè“, завршува Димитров, посакувајќи му среќа во недела на изборите на
Петре Шилегов.

Македонија

Шар Планина влезе во елитното друштво на Динаридите – националниот парк стана дел од мрежа со 105 заштитени подрачја

Националниот парк Шар Планина и официјално стана полноправна членка на Мрежата Паркови на Динаридите, платформа што обединува 105 заштитени планински региони од осум држави. Членството беше потврдено на VII Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите – „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“, која се одржа во Подгорица.

Претставниците на НП Шар Планина потенцираат дека членството претставува значајно признание и поттик за понатамошен развој на заштитеното подрачје.

„Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја“, изјави Милорад Андријески од управата на паркот.

На конференцијата, на која присуствуваа повеќе од 110 учесници од земјите од Динарскиот лак, како и од Италија, Белгија, Франција, Шпанија и Чешка, беше прифатено и зачленувањето на Паркот на природа Драгишница и Комарница од Црна Гора.

Управувачите на заштитените зони ја нагласија потребата од посилен регионален пристап во обновата на природата, подобрување на управувањето со мрежата Натура 2000, редовно оценување на ефикасноста на заштитата и интензивна меѓусебна соработка.

Во рамки на тридневната програма беа одржани четири панел-сесии, две работилници, како и седници на Управниот одбор и Собранието на Мрежата на Парковите на Динаридите.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше повторно избран за претседател, но како што истакна, овој реизбор значи многу повеќе од лична победа. „Не добив само реизбор, туку победи идејата. Вечерва затвораме едно поглавје на кризи, напади и неправди и отвораме поглавје на зрелост“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека партијата денес донесе документи кои ќе ја обноват вербата во политиката и ќе покажат дека со јасна стратегија и план резултатите се достижни. „Создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, а оваа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека товарот што го носи не е лесен, но го прифаќа со мир, затоа што зад него стои народот. „Македонија премногу долго се гледаше низ очите на другите. Време е да чекориме со свои амбиции и да ја градиме иднината што ја заслужуваме“, додаде тој.

Вечерниот конгрес беше означен како историски исчекор за партијата, која, според Мицкоски, се подготвува да излезе од кругот на страв, поделби и ниски амбиции и да започне нова ера на зрелост.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Довербата во институциите и дигитализацијата ја носат иднината на Македонија

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нагласи дека стабилноста и развојот на Македонија се возможни само со доверба во институциите кои функционираат на основа на владеење на правото и дигитализација.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на дигитални процеси, автоматизацијата и енергетската транзиција се стратешки приоритети за државата. Според него, зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба, а инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти ќе ја намалат зависноста и ќе создадат нова економска динамика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, која се гради преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. „Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија“, истакна Мицкоски.

Во својот говор тој посочи и дека вештачката интелигенција е новото гравитациско поле на глобалната моќ. Земјите што инвестираат во AI обезбедуваат економска, безбедносна, институционална и технолошка предност, додека оние што ја игнорираат остануваат зависни од туѓи технологии и интереси. Мицкоски нагласи дека Македонија мора да стане активен учесник во новата интелигентна економија, наместо пасивен консумент на туѓа технологија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг