Connect with us

Македонија

Софиски „Труд“ за Арсовска: Бугарка вербално линчувана во Скопје

Софискиот весник, исто така, го „прогласува“ Шилегов за антибугарин „и поради тоа што не обезбедува заштита од вандали на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија“.

Според „Труд“, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари

Бугарка вербално линчувана во Скопје е насловот во софиски „Труд“, во текст посветен на случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а за која СДСМ објави документи кои, според владејачката партија, се доказ дека таа има бугарско државјанство.

Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа, коментира “Труд“, посочувајќи дека пратеничката на СДСМ, Славјанка Петрова, „открива голема ’тајна’ – дека главната претендентка за градоначалничката фотелја во Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство“.

„Актуелниот градоначалник на главниот град, Петре Шилегов, кој кај нас стана познат по тоа што е антибугарин и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија, в недела ќе се соочи со независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска. На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари’,пишува „Труд“.

Весникот понатаму коментира дека Петровска, со растреперен глас, како да станува збор за страшна и безобразна тајна, соопшти пред медиумите дека кандидатката за градоначалник на Скопје „десет години имала резервна татковина!“. Ставот на СДСМ, како што се наведува, го засилува уште еден „страшен“ факт од биографијата на Арсовска – дека е поврзана со друга земја на ЕУ како почесен конзул на Република Унгарија.

Специјално за весникот „Труд“, претседателот на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, коментира дека во Македонија различни граѓани имаат владини функции, вклучително и Срби, но во Северна Македонија никогаш не било доведено во прашање дека Србите ги бранат „странските интереси“. Ова не може ни да им помине низ умот. Идеологијата од времето на комунистичка Југославија, дека Србите се наши браќа, а Бугарите наши непријатели, останува до денес, коментира Стојанов.

Извор: 360

Македонија

Се што треба да знаете за „Safe City“

Казнувањето на сообраќајните прекршоци преку системот „Безбеден град“ официјално ќе започне на 1 февруари, наместо на првично најавениот датум 1 јануари. Одложувањето е потврдено за ТВ21 од помошник-заменик министерот во МВР, Мухамет Исмаили, кој објасни дека причина за пролонгирањето е потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури.

„Од 01.02.2026 системот SafeCity целосно ќе биде ставен во функција во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 10 и 8, додека во другите градови се предвидува да започне во текот на 2026 година“, изјави Исмаили.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат и можност за одредена толеранција кај ограничувањата на брзината. „Треба да ги почитуваме ограничувањата – 50 км/ч за урбани подрачја значи 50 км/ч. Секако дека и ние ќе внимаваме, исто како што прават и сите европски градови каде што имаат свои параметри за толеранција – таква толеранција ќе има и кај нас“, изјави Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје.

Системот „Безбеден град“ ќе работи со фиксни камери кои ќе регистрираат пречекорување на брзината, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и други прекршоци. Дополнително, специјализирани полициски возила ќе идентификуваат неправилно паркирање и останати нарушувања на сообраќајните правила.

Целта на новиот систем е до 2030 година да се преполови бројот на сообраќајни несреќи во државата.

Continue Reading

Македонија

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата ќе бидат искористени за Советувалиште за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село. Благодарение на поддршката од граѓаните за акцијата со која од секој купен Стоби Флипс се издвојуваше дел, со собраните средства ќе се овозможи континуирана експертска едукација за шеесет деца и млади на возраст од 6 до 18 години кои растат без родителска грижа и се соочуваат со последици од трауматски искуства, емоционални и развојни предизвици, како и различни когнитивни потешкотии.

Средствата ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, преку кој децата ќе добијат индивидуални сесии со психолози и специјални едукатори, како и терапевтски третмани во сензорна соба за оние кои имаат потреба од дополнителна поддршка во емоционалниот и когнитивниот развој. Овие услуги се од суштинско значење за нивното зајакнување, подобро справување со кризи и градење основа за здрав личен раст.

Од СОС Детско село Македонија истакнуваат дека поддршката е од огромно значење за континуитетот на нивната мисија. „Од срце им благодариме на Витаминка и на сите граѓани кои ја поддржаа кампањата. Витаминка уште еднаш покажа што значи вистинска општествена одговорност и посветеност кон децата. Благодарение на ова партнерство, можеме непречено да продолжиме да обезбедуваме стручна грижа и поддршка за секое дете, со верба во нивната подобра иднина,“ велат од организацијата.

За што поуспешно спроведување на кампањата за Стоби Флипс беше изработена и специјална амбалажа со што купувачите беа информирани за своето учество во донацијата и придонесе за подигнување на јавната свест и обезбедување поголема поддршка за децата без родителска грижа.

Од Витаминка додаваат дека се горди што кампањата успеала да ја мобилизира јавноста и да создаде реална промена. „Нашата цел беше да потсетиме дека секој мал гест на солидарност може да донесе голема разлика. Благодарни сме што потрошувачите ја препознаа важноста на оваа приказна и ни помогнаа заедно да донесеме надеж, грижа и поддршка таму каде што е најпотребно“, истакна Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во Витаминка.

Со оваа кампања, Витаминка и Стоби Флипс уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон најмладите и даваат силен пример за тоа како компаниите, заедно со граѓаните, можат да создадат поподобно, похумано и посреќно општество за секое дете.

Continue Reading

Македонија

Рекордна година за Скопје – аеродромот со 3 милиони патници, растот продолжува до 3,2 милиони

Меѓународниот аеродром Скопје денес го дочека својот тримилионити патник во една календарска година. Среќничката, Милена Таскова, беше изненадена на нејзиниот лет Скопје – Бари.

Раководството на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, приредија емотивно изненадување за госпоѓа Таскова.

Милена Таскова беше облеана во подароци: бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни авионски билета од авиокомпанијата Виз Ер (Wizz Air).

Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија, не ја криеше својата возбуда:

„Го достигнавме тримилионитиот патник во една година! Првпат лета за Бари, и посакав среќа на неа и нејзиното семејство.“

Курт најави дека ова е само почеток. Според оптимистичките прогнози на ТАВ, Скопскиот аеродром до крајот на годината ќе заврши со 3,2 милиони патници, додека аеродромот во Охрид се очекува да достигне 262.000 патници.

Овој успех не само што го потврдува растот на авиосообраќајот во земјата, туку и ја зацврстува позицијата на Скопје како значаен регионален воздушен центар.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг