Connect with us

Македонија

Борисов: За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство треба да биде во Уставот

За Бугарија да ја поддржи Македонија, бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот на државата, вели лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

Неговата изјава следуваше по средбата во Софија со преставници на бугарски здруженија во Северна Македонија, кои, според него, му се пожалиле дека „во земјава се чувствуваат како да не постојат“.

-Тие знаат дека нашата поддршка како власт или како опозиција зависи од признавањето на бугарското малцинство. За оваа тема најдов разбирање со Еди Рама, го очекувам истото и од Зоран Заев. За Бугарија е исклучително важно Северна Македонија и Албанија да се во Европската Унија, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.

Тој, во однос на политичката ситуација во Бугарија, оценува дека државата западнала во меѓународна изолација во последните месеци, а демократските држави „се исмејувале на слабата диломатија“.

– Бугарија се тресе од скандали, наместо да дебатираме за важни теми како односите со Македонија и Ковид-кризата, Радев назначува министри со двојно државјанство и се обидува да изврши влијание врз Уставниот суд, никогаш сме немале претседател кој си дозволува да го нарушува Уставот, додава Борисов.

Претставници на неколку бугарски здруженија во Македонија, вчера беа примени и од претседателот на Бугарија Румен Радев, кој на средбата посочил дека без соработка со македонските Бугари, Софија не може соодветно да ги заштити нивните права. Тој потсети дека во Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија стои дека Софија има право да ги брани правата на македонските Бугари.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг