Ахмети: Заев никако не смее да даде оcтавка, тoј има договор со мене, со коалициските партнери..

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 се осврна и кон најавената оставка на премиерот Зоран Заев доколку го загуби Град Скопје.

Според Ахмети, Заев не треба да даде оставка, односно не може да се повлече сега кога се пред сериозни предизвици.

„Зоран Заев има договор со коалициските партнери. Јас имам договор со него. Нема никаква смисла и логика Заев да даде оставка ако се изгуби Скопје. Не дека ќе го изгуби, но не е добро така да изјавува. Тој е премиер, не е градоначалник на Струмица. Никако не смее да даде оставка. Државата има многу сериозни предизвици. Заев има мандат и не може да се повлече. Имаме владина програма. Имаме сериозни проекти кои сме ги ветиле. Затоа, не верувам дека ќе даде оставка“, порача Ахмети.