Македонија
Германската амбасада во Скопје ЗАТРУПАНА за работни визи
Published
3 years agoon
By
УредникПоради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин, соопшти Германската амбасада на својата Фејсбук страна .
-Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин. Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините. На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани, информираа од амбасадата.
Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ со која се овозможува привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот за државјани од шесте земји во регионот.Ова правило им овозможува на сите заинтересирани да се пријават за работна виза во амбасадата во Скопје.
You may like
-
МИНИСТЕР ОД ДУИ ОДБИЕН ЗА ВИЗА ВО САД: Амбасадата не го открива неговото име
-
И НА ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Каде се милијардите што ги дадовме!?
-
Заев му се закани на австрискиот амбасадор дека ќе го ТУЖЕЛ, Пендаровски контра Заев – КАША ПОПАРА !
-
На австриската амбасада и пукна филмот ! Фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви
-
Бугарската амбасадорка во Израел одбила да се појави на конференција за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка
-
Боки 13 со писмо до амбасадорката на САД: Се соочувам СО ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, имам сензитивни податоци…
Македонија
Карапетров: Не поддржуваме теми кои поларизираат, наш приоритет е доброто на граѓаните
Published
15 mins agoon
December 30, 2024By
АрлингтонСоветникот во општина Тетово, Ангел Карапетров, истакна дека по деталната анализа на буџетот и програмите не е утврдено постоење на ставка за поддршка на невладината организација „Албанска Академија“ во износ од 40.000 евра. Според него, дури и доколку таквата ставка постоеше, тој и неговите колеги не би го поддржале буџетот.
„За теми кои поларизираат или етнизираат, воопшто не сакаме да разговараме. Наш приоритет е посветената работа за доброто на сите граѓани, без разлика на етничката припадност,“ нагласи Карапетров.
Тој додаде дека главната цел е реализација на ветените проекти и подобрување на животните услови за жителите на Тетово. За ова, како што информира, општината е поддржана со 11,5 милиони евра од Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски.
Македонија
ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСА СТАМЕНКОВСКИ за аферата „МИЦКОСКИ ВОДАЧ НА ПАРАВОЈСКА“ и за реформите во РАЗУЗНАВАЊЕТО
Published
52 mins agoon
December 30, 2024By
АрлингтонВладата на Мицкоски подготвува реформа на македонската тајна полиција според која безбедносните агенции ќе се спојат во една централно разузнавачка безбедносна служба, по примерот на словенечката СОВА, а секако дека ќе се користат и хрватските искуства со оглед на тоа што и во двата случаи безбедносните агенции функционираат заедно.
Тоа неодамна го потврди и премиерот Христијан Мицкоски кој најави долг и сложен процес, а со оглед на тоа што станува збор за секторот разузнавање и контраразузнавање, процесот ќе се одвива задкулисно, но ќе има и јавна расправа која допрва ќе претстои.
Во конекст на најавените реформи Политика ќе објави серија разговори со македонски експерти и разузнавачи кои долги години се дел од безбедносните структури и од прва рака ќе можат да ги пренесат нивните искуства кои веруваме ќе помогнат во претстојната дебата. Ќе зборуваме и за злоупотребите на тајната полиција кои повторно се актуелизираат откако премиерот Мицкоски обзнани дека тој и неговото семејство биле мета на тајната полиција.
Професорот Алекса Стаменковски, доктор по економски науки и е добро познат на јавноста која ја следи оваа проблематика. Тој беше директор на Агенцијата за разузнавање во периодот на падот на владата на Црвенковски и доаѓањето на новата власт на Љубчо Георгиевски. Токму во овој актуелен момент кога се предлага реформа во разузнавањето професорот Стаменковски се подготвува да објави обемна книга во која детално ги анализира состојбите на моќни разузнавачките служби во светот, односно на сите разузнавачки служби во секоја од земјите членки на НАТО.
– Веќе од самото доаѓање на власт на Владата на г-динот Мицковски се заговара спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, од причини што, како што се наведуваат, поради тоа што кога ВМРО беше опозиција имало слдење на претседателот на ВМРО и неговото семејство и одредени членови на партиското раководство на ВМРО. Слушајќи ги овие изјави, а тргнивајќи од моето долгогодишно научно истражувачко следење на активностите во сферата на разузнавањето, се создаде голем предизвик да се даде научна и реална претстава за тоа што претставуваат разузнавањето и контраразузнавањето, како тие функционираат и како се третираат во земјите членки на НАТО, каде и како функционираат како посебни, а каде како споени институции.
За оваа цел, подготвив книга „РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО“ во која се обработуваат разузнавачките системи на ниво на НАТО, како систем, и на одделните земји членки на НАТО. Целта на книгата е да даде преглед на тоа како се практикуваат разузнавањето и контраразузнавањето во секоја од земјите членки на НАТО, каде тие дејствуваат споено а каде не, што е спојливо, а што не.
Системите за разузнавање во земјите членки на НАТО традиционално грижливо се развиваат и унапредуваат, системски се градат, без да се донесуваат избрзани одлуки. На секторот за разузнавање во нашата земја му се потребни активности за унапредување на работата на разузнавачките служби, меѓутоа тие унапредувања треба да се направат трпеливо, без брзање, со подготовка на сеопфатна анализа на сите предности и недостатоци од досегашното функционирење и залоупотреби и определување на вистинските правци за нивно современо организирање и функционирање во заштита на интересите на државата , а не на некои носители на функции кои ги злоупотребуваат за партиски потреби, вели за Политикапрофесорот Стаменковски.
Г-дине Стаменковски во овој контекст е интерсно да се слушне и Вашиот став за актуелната афера што ја обелодени премиерот Мицкоски, кој тврди дека бил следен тој и целото негово семејство, поради конструкции во режија на тајната полиција за наводна негова инволвираност во формирање на македонска паравојска. Можете ли да го замислите актуелниот премиер како нарачател, финасиер и водач на параполициска воена формација?
СТАМЕНКОВСКИ: Постапката за следење на г-динот Мицковски и на неговото семејство, за необјасниви дејства, е класичен пример за злоупотреба на разузнавачките служби. За тоа кој го направил злоупотребувањето на службата, треба да се преземат сеопфатни истражувачки мерки и низ судска постапка да се санкционораат наредбодавачите и извршителите на тие дејства кои веројатно не се вршеле во постапка предвидена со Закон и даден налог од овластен судија.
Овој случај јасно ги детектира злоупотребите на кои разузнавачките служби не само што не се имуни, туку и се креатори на гнасни сценарија кои можат да уништат нечии животи. Очигледно е дека во случајов имало наредбодавач со една цел – да се оцрни политичкиот ривал, ако се земе предвид тврдењето на премиерот дека следењето се случило во 2020 година, и да се оправда валканото сценарио за следење на Мицкоски, тогашен лидер на македонската опозиција. Како да се сакционираат и да се спречат ваквите злоупотреби?
СТАМЕНКОВСКИ: Одговорот на ова прашање е во насока дека ваквото следење, со сценарија за оцрнување на опозицијата, е надвор од сите прописи според кои функционираат разузнавачките служби. Моето мислење е сторителите на ваквите активности да се изведат пред правдата и соодветно со максимални казни за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба да се санкционираат. Злоупотребите на службите не треба да бидат мотив за нивно спојување или реорганизирање. Работата на разузнавачките служби треба да се унапредува, а сите кои што ќе ја злоупотребаат својата службена должност ригорозно да се казнат со високи затворски казни предвидени со закон.
Детал кој треба да се анализира е и тоа што „сознанијата“ за наводниот водач на наводната паравојска разузнавачките служби не ги пријавиле во МВР, со оглед на тоа што во тоа време министер за внатрешни работи во техничката влада е Наќе Чулев. Ова зборува дека сценариото од филмот „Мицкоски, командант на паравојска“ имало друга употребна вредност, а не дека навистина Македонија била во опаснот?
СТАМЕНКОВСКИ: Ваквата постапка на тие што имале „сознанија“, треба да биде поткрепени со аргументи за нивните сомненија и тоа требало да се прави, ако требало, во законски предвидена постапка. Очигледно е дека со неинформирањето на техничкиот министер за внатрешни работо Наќе Чулев, тоа е правено надвор од законските прописи. И да повторам, сите тие што го правеле ова треба да бидат изведени пред правдата, не само затоа што го следеле, г-динот Мицковски, туки и за кривично дело нарушување на угледот на инстуцијата во која ги извршувале своите работни разузнавачки активности.
Службите прибираат разузнавачки информации за заштита на безбедносните интереси на земјата од безбедносни, одбранбени политички економски и други загрозувања од странство и од дома, а не за да им служат на интересите на одделни припадници од партиите кои се на власт.
Професоре Стаменковски Вие целиот свој работен век го поминавте во сферата на стручните, но и во научните работи во одбраната, но бевте и директор на Агенцијата за разузнавање во време на падот на Црвенковски и новата власт на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. Зад себе имате богата кариера и искуство, кое како што дознаваме, го преточивте во нова книга која наскоро ќе ѝ биде достапна на јавноста, а интересна за нас поради темата за реформа на безбедносните структури. Кажете ни за што станува збор и што Ве поттикна да се посветите на овој труд?
СТАМЕНКОВСКИ: Во моето практично и научно работење речиси повеќе од 25 години се занимавав со работите на одбранбените, безбедносните, како и политичките и економските закани по нашата земја. Со трудот сакам да нагласам дека, во научните кругови од обаста на оваа сфера се истакнува дека: разузнавањето има за цел да обезбеди информации за донесување одлуки од надлежните органи на државата за заштита на националната безбедност од закани и опасности како што се тековните или потенцијалните загрозувања за интегритетот, суверенитетот и интересите на земјата или за правата и слободите на нејзините граѓани од надоврешни сили.
Контраразузнавањето пак, има за цел да ја заштити националната безбедност работејќи на откривање на намерите, целите, дејствијата и носителите на активностите на лица и институции кои дејствувааат внатре во земјата со цел да ја загрозат националната безбедност со вршење активности на шпионажа, организиран криминал, тероризам, поттикнување на политичка и економска, како и социјална и друг вид на општествена нестабилност.
Научно, ова се две различни функции во заштитата на бебедноста на земјата и не е прифатливо да бидат споени или да функционираат во рамки на една институција, иако има примери на замји кои тоа го практикуваат.
Книгата, које е во постапка обезбедување услови за печатење, дава целосен преглед на сите разузнавачки служби во секоја од земјите членки на НАТО, служби кои се занимаваат со надворешно разузнавање,(разузнавање), служби за заштита на уставниот поредок (контрразузнавање) и воено разузнавање.
Власта планира да ги спои Агенцијата за разузнавање и АНБ за да се обезбеди поголема ефикасност и професионалност, подобра соработката и борба против тероризмот на национално, регионално и меѓународно ниво, но и за успешна битка со организираниот криминал и корупција. Кој е Вашиот став за ова прашање?
СТАМЕНКОВСКИ: Бидејќи мојот дел од работење поврзан и со научно истражувачка дејност, во голем дел од оваа област, со напишани девет книги и повеќе трудови, јас лично се приклонувам кон моделот на неспојување на неспојливи различни функции. Тоа нема да донесе поголема ефикасност, туку може да предизвика антагонизам и натпревар, која од функциите во единстваната институција ќе биде доминантна – дали внатрешното разузнавање (контраразузнавањето) или надворешното разузнавање или прибирањето информации за заканите по националната безбедност од надвор.
Разузнавачките служби кои се занимаваат со надворешно разузнавање се повеќе се трансформираат за прибирање на информации за опасностите со предзнак меѓународен тероризам, меѓунроден организиран криминал, разузнавачките активности ги извршуваат и во земјта, а контраразузнавачките активности, спречувањето на овие активности ги вршат агенциите за заштите на уставниот поредок. Врз основа на обезбедените разузнавачки информации за овие опасности се преземат мерки за нивно спречување.
Дали со спојувањето на безбедносните агенции ќе се постигнат целите – успешност и ефикасност и дали постои опасност новата безбедносна инситуција да се претвори во „чудовиште“ со сконцентрирана политичка моќ?
СТАМЕНКОВСКИ: Според мое мислење, тешко е да се поверува дека ќе се зголеми ефикасноста, а можно е да дојде до создавање услови за креирање нови непосакувани злоупотреби.
Со оглед на тоа што сте добар познавач на безбедносните агенции во сите земји членки на НАТО, која е Вашата препорака за македонската реформа?
СТАМЕНКОВСКИ: Постоечкиот модел на функционирање на службите за разузнавање и безбедност на Република Северна Македонија спаѓа во категоријата на т.н. чисти модели на надворешно разузнавање, домашна безбедност и воено разузнавање. Во постојниот модел постојат одредени преклопувања на разузнавањето од странство и разузнавањето за потребите на домашната безбедност. Тоа подразбира не докрај разјаснети активности кои се извршуваат како разузнавачки активности во областите како што се меѓународниот тероризам, организиран криминал, пролиферацијата на оружје за масовно уништување, меѓународните миграции, сајбер безбедноста и другите меѓународни опасности и закани. На постојниот модел на функционирање на надворешното разузнавање му се потребни определени усовршувања во насока на разјаснување на постоечките нејаснотии, во насока на јасно определување на разузнавачките активности од странство и базбедносните закани од внатре. Активностите кои имаат предзнак на меѓународни активности и закани по безбедноста на земјата од надвор, би требало да бидат предмет на разузнавачки активности кои ќе се истражуваат од разузнавачката служба во странство и во земјата.
Откривањето на сторителите на ваквите активности во земјата треба да се извршуваат од службата за внатрешна безбедност затоа што тоа се, пред се` криминални активности, т.н. контраразузнавање. Реформите во разузнавачкиот систем би требало да бидат во насока на разграничување на надворешното разузнавање и домашното контраразузнавање и јасно дефинирање на задачите на службите кои ќе ги остваруваат овие активности посебно, како специјализирани служби кои ќе бидат во можност да обезбедат соодветни разузнавачки и безбедносни активности за поголема ефикасност на носителите на одлуки, односно на органите на власт во Република Северна Македонија.
Кои разузнавачки агенции функционираат подобро – оние кои го обединуваат и контраразузнавањето или кога функционираат одделно, што покажува светската пракса?
СТАМЕНКОВСКИ: Одделното разузнавање на опасностите од странство обезбедува повисока и поголема професионалност во откривањето на опасностите и заканите, поголема специјализација на работењето и самостојност во извршувањето на разузнавачките активности. Заедничкото надворешно разузнавање и внатрешната безбедност носи внатрешни недоразбирања и несоодветно третирање на разузнавачките и контраразузнавачките активности, концентрација на моќ на едно место, помала специјализација и нескриен антагонизам меѓу извршителите на различните функции.
Спојување на разузнавачки служби има во неколку земји на Балканот, зошто тоа би било хендикеп за македонското разузнавање?
СТАМЕНКОВСКИ: Словенечката агенција за разузнавање и безбедност SOVA е централна цивилна разузнавачка и безбедносна служба, формирана по меѓународното признавање на Словенија како независна и суверена земја. SOVA дејствува на различни полиња во обезбедувањето на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Словенија и економскиот просперитет, како и во заштитата на животите и другите облици на безбедноста на своите граѓани и жители. Акцентот на дејствувањето на SOVA е надворешното разузнавање.
Безбедносно разузнавачката служба на Хрватска – SOA, како единствена служба за внатрешно и надворешно разузнавање е формирана во 2008 годин. Таа собира и анализира податоци со цел да открие и спречи дејствија на поединци или групи кои се насочени против постоењето, независноста, единственоста и суверенитетот на Република Хрватска, насилното рушење на структурата на државната власт, загрозувањето на човековите права и основните слободи и основата на економскиот систем на Република Хрватска. Во овој разузнавачки систем на Хрватска акцентот е ставен на домашното разузнавње, а многу помалку се посветува внимание на разузнавањето од странство.
Овие два примери на служби укажауваат на фактот дека копирање на туѓа служба не е можно. Скоја земја гради свој систем на разузнавачки служби за заштитa на своите безбедносни интереси во зависност од опасностите со кои може да се соочи, политичкиот системи улогата и задачите на носителите на извршната власт (влада, претседател, крал).
Контрола на работењето на разузнавачките служби е многу важен сегмент за да се спречат злоупотреби, иако тоа како да не важи за работата на македонските служби со оглед на состојбите. Како да се постигне ефикасна контрола?
СТАМЕНКОВСКИ: Предизвиците за ефикасна контрола и надзор над разузнавањето се значајни и застрашувачки, особено во средини каде што перцепциите за заканите по безбедноста се зголемени. Вредностите и нормите кои се основни за демократските системи бараат разузнавачките агенции да бидат одговорни и да подлежат на внатрешна контрола и надворешен надзор. Постои т.н: хоризонтална отчетност се однесува на отчетноста на разузнавачките агенции пред државни институции. Вертикалната одговорност се однесува на одговорност во рамките на хиерархијата на разузнавачките служби.
Извршната власт – министрите вршат контрола на разузнавањето преку директиви и насоки за политики. Владите и разузнавачките агенции не треба да имаат премногу блиски односи за да се избегне политизирање на разузнавањето и слабеење на надзорот. Самите разузнавачки агенции – Директорите и високиот менаџмент можат да наметнат одговорност во институциите. Каналите за пријавување незаконски дејствија, заедно со посветеноста на професионалната етика и стандарди, можат да придонесат за одговорност.
Граѓанско општество и медиуми – лобирањето и застапувањето од страна на граѓанските организации може да влијае на разузнавачките политики и да бара одговорност од разузнавачките агенции и нивните политички господари.
Законодавните тела можат да ги разгледуваат извештаите од разузнавачките служби доставени до парламентот и да ги проверуваат разузнавачките служби преку специјализирани комисии.
Судството – судовите можат да ги прегледаат овластувањата на разузнавачките служби и владините дејствија за да се осигураат дека тие не ги прекршуваат правата на граѓаните.
Контролата на разузнавачките служби се соочува со голем број структурни проблеми. Тајноста, дискреционото овластување доделено на практичарите на разузнавањето, принципот на „веродостојно негирање“ и тврдењата за национална безбедност, сите претставуваат предизвици за контрола на разузнавањето.
Г-дине Стаменковски Вие бевте и учесник во процесот на повлекувањето на ЈНА, откако Македонија на референдум се изјасни за самостојна и независна држава. На 21 февруари 1992 година, бевте и сведок на потпишувањето на договорот за повлекување на ЈНА од нашата држава помеѓу тогашниот гeнерал на ЈНА, Благоја Аџиќ, и претседателот, Киро Глигоров. Дали би сакале да ја споделите со нашите читатели таа впечатлива историска приказна?
СТАМЕНКОВСКИ: За повлекувањето на ЈНА од Република Македонија беа преземени неколку активности: Во текот на месец јануари 1992 година претседателот Киро Глигоров упати писмо до сојузниот Секретар за народна одбрана генерал Благоја Аџиќ со барање со него да се разговара и да се утврди постапката за мирно повлекување на ЈНА од територијата на Македонија и регулирање на прашањето за нејзиниот имот, решавање на статусот на војниците, старешините, граѓанските лица и воените пензионери и начинот и постапката за преземање и обезбедување на државната граница. Беше напишано и друго писмо со барање, генералот Аџиќ да побара овластување од Претседателството на СФРЈ, бидејќи Република Македонија не го прифаќа таквото претседателство, за разговарање за повлекувањето на ЈНА од Македонија . Со писмото се бараше да се разговара за воени прашања ,а не за политички. Одговорот беше позитивен и за датум за разговори беше утврден 21 февруари 1992 година.
Во меѓувреме, додека се дојде до датум за разговори со генералот Благоја Аџиќ, конвоите возила со вооружување и опрема, тенкови, авиони, хеликоптери, секојдневно излегуваа од касарните на ЈНА во Македонија. ЈНА со себе го повлече речиси целото вооружување, матерјално технички средства и муниција, стационирано во Македонија. Остана само недвижната инфраструктура на системите за врски.
Состанокот на кој се водеа разговорите за повлекување на ЈНА од Република Македонија се одржа во вилата на Владата во која престојуваше претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Генералот Аџиќ дојде во Скопје со екипа од околу петнаесетина офицери, од неколку генерали и полковници, функционери на Сојузниот секретаријат за одбрана задолжени за одделните сектори во ЈНА за вооружувањето и опремувањето, техничкото одржување, военото воздухопловство, санитетското снабдување, управувањето со инфраструктурата, системите за врски и други.
Од страна на Република Македонија на состанокот присуствуваа, покрај претседателот на Република Македонија г-дин Киро Глигоров, претседателот на Собранието г-дин Стојан Андов,претседателот на Владата г-дин Никола Кљусев, министерот за одбрана г-динТрајан Гоцевски, генералот Томислав Трајчевски, командант на Репуличкиот штаб за територијална одбрана, г-динот Павле Трајанов, претставник на Министерството за внатрешни работи, г-динот Глигор Серафимов, претставник на Министерството за индустрија како раководител на секторот за воено производство, полковникот Љубомир Сиљановски од Републичкиот штаб за територијална одбрана и јас како стручен претставник на Министерството за одбрана.
Разговорите се водеа за секое прашање одделно, што да се направи за повлекувањето, односно дислокацијата на ЈНА од Република Македонија да се заврши со предавање на дел од останатата опрема на Македонија. Потоа, стационарната опрема за врски да не се демонтира и оштетува, сатционарните системи за врски да се предадат во функционална состојба, да се остави целата опрема и резерви на лекови од воената болница и гарнизоните амбуланти, како и да не се земаат книгите од библиотеките и уметничките слики од домовите на армијата.
Се договори да се формираат комисии за примопредавање во секоја касарна и на ниво на команда на Третата армиска област. Исто така, се договори воените старешини и цивилни лица во ЈНА сами да одлучат дали ќе се дислоцираат или ќе останат во Република Македонија. За тие што ќе се дислоцираат со ЈНА се договори да ја понесат својата лична опрема и инвентарот од канцелариите каде работат. Предавањето да го вршат командантите на касарните, примањето во име на Република Македонија да го вршат раководителите на подрачните единици на Министерството за одбрана.
Примопредавањето требаше да почне веднаш по потпишувањето на договорот и да трае до 15.04.1992 година, датум кој беше определен за целосна дислокација на ЈНА од Република Мкаедонија.
Стојанка Митреска
Македонија
ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИЛА НА ДЕЛО: Уапсен крадец во Тетово
Published
56 mins agoon
December 30, 2024By
АрлингтонНа 30.12.2024 во 03.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) од с.Порој, тетовско, кој бил фатен при обид да изврши кражба во еден објект. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Карапетров: Не поддржуваме теми кои поларизираат, наш приоритет е доброто на граѓаните
ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСА СТАМЕНКОВСКИ за аферата „МИЦКОСКИ ВОДАЧ НА ПАРАВОЈСКА“ и за реформите во РАЗУЗНАВАЊЕТО
ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИЛА НА ДЕЛО: Уапсен крадец во Тетово
АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО
Полицијата со полни раце работа: Серија на апсења во Македонија
Револтиран угостител до Филипче: 15 години сум дел од ова не може да седам на страна без кажан збор!
БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8
Мехмети: Не прашувајте како изгоре болницата-Таа ја ИЗГОРЕВМЕ СИТЕ!
Затвор ли е Идризово, кафана ли е ? (Видео)
„Спремен сум да влезам во инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена„“ – Предизвик до Филипче
(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe
Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целoceн – се останато било yништено (ВИДЕО)
ПАЛЧО СО ИСТАТА БАНДА ВО МАЈ БЕШЕ ФАТЕН СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА како бара злато (ФОТО)
ВО ЖИВО ОД МВР – ФАТЕН Е И УАПСЕН ПАЛЧО (ВИДЕО)
(Видео) Излегов да берам дренки кога пред мене излезе мечката и ме нападна
Трендинг
-
Бизнис1 day ago
Интервју со Игор Гешовски: ЕЛС дневно испорачува до 10.000 пратки од Тему и од Али Експрес, апелираме до граѓаните да оставаат точни податоци
-
Македонија7 days ago
Утре прекин на струја во тетовско село
-
Македонија6 days ago
Драма во Тетово: Закани и агресија на булеварот „Видое Смилевски Бато“!
-
Македонија3 days ago
РАЗРЕШЕНА МИЛКИЈЕ ХАЛИМИ, повеќе не е директорка на „Аеродроми“
-
Македонија4 days ago
Сигурна плата од 30.900 денари! Дознајте како да се вработите во Општина Тетово!
-
Македонија7 days ago
ФРЛЕНА БОМБА ПРЕД КУЌА Експлозијата предизвика штета, среќа нема повредени
-
Европа6 days ago
НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот
-
Македонија22 hours ago
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова е човекот што оддал информации на криминалната група Барон/Беланоца