Connect with us

Македонија

“Ме претставуваат како предавник, но јас сум најголем патриот”

Published

on

„Поради Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и поради тоа што го исполнивме целосно Охридскиот рамковен тие се обидуваат да ме претстават како предавник, но јас се сметам за најголем патриот, затоа што македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш порано не биле попризнаени и повтемелени на меѓународно ниво“, изјави претседателот на СДСМ и премиер – Зоран Заев, во интервјуто на Телевизија „Клан“.

Заев потсети дека пред 2017 година за целиот свет сме биле „ФИРОМ“ и дека во извештаите се користело „вашиот народ“ и „вашиот јазик“. Денеска, истакна Заев, сме Македонци, со македонски јазик.

Наспроти ова, од другата страна, смета тој, се политичките противници кои се против сите три договора иако тие договори, како што рече, ја етаблирале државата во меѓународен план.

„Веќе имаме избрани градоначалници кои водеа протести за ‘чиста Македонија’. Тоа не е иднината. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не употребува ‘Северна’. Како тој очекува да продолжиме кон Европската унија? Народот мора да знае дека евентуалното враќање на ВМРО-ДПМНЕ, кое нема да го дозволиме, ќе го крши Уставот, нема да го користи новото уставно име и во старт ќе провоцира барем една земја, а тоа е Грција. Ние почнавме соработка од милијарди евра и ризикот е огромен, а провокациите од таа конзервативна структурна, делумна и нацистичка во лицето на Левица, па донекаде и ВМРО-ДПМНЕ – не е иднината“, истакна Заев.

Македонија

Нема пари од ЕУ за Македонија, одложена исплатата од Планот за раст

Published

on

Првите исплати од Европскиот план за раст за земјите од Западен Балкан нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година, односно се одложени, според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК).

„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во објаснувањето.

Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија уште во јануари 2024 предвидува шест милијарди евра во форма на грантови и заеми за земјите од овој регион.

Министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на крајот на минатата година објави дека наскоро Собранието ќе го ратификува Договорот за Инструментот за реформи и раст со кој се ослободуваат вкупно 52,5 милиони евра како првата рата од над 750 милиони евра од Брисел кои ни припаѓаат.

Како што објаснуваат упатените, овие меѓународни договори мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.

„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.

„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.

За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК. 

Continue Reading

Македонија

Таравари најавува можно спојување на четирите партии од „Вреди“ по локалните избори

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава.

За кандидати на „Вреди“ на локалните избори, Таравари вели дека се зборува и се прават анкети за некои имиња.

„ВО ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ, КАДЕ ШТО МНОЗИНСТВО, ОДНОСНО ИМА ШАНСИ И АЛБАНЦИТЕ ДА ПОБЕДАТ, ПОВЕЌЕ СЕ АЛБАНЦИ, РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ. МЕЃУТОА, СЕ НАДЕВАМ, КОН КРАЈОТ НА МАРТ, ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ И СО ПРЕДЛОЗИ КОИ БИ БИЛЕ НАШИТЕ КАНДИДАТИ ВО ОДРЕДЕНИ ОПШТИНИ ЗА ИДНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ“, ВЕЛИ ТОЈ.

Таравари се осврна и на последната одлука на Основниот суд Тетово кој пресуди дека печатите на Алијанса за Албанците и официјално му припаѓаат на Зијадин Села.

Најави дека ќе ја обжали одлуката на Судот бидејќи, како што вели, важно е кој ги има членовите, а не печатите.

Извор: telma.mk

Continue Reading

Македонија

Полицијата со полни раце работа, огромен број апсења низ Македонија, еве што се случува

Published

on

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден извршија серија апсења во пет македонски градови.

Четири лица се приведени кај Велес откако кај нив била пронајдена дрога.

-Вчера во 17 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и Х.Џ.(43); двајцата од Скопје, и Л.М.(56) и Д.Б.(29), двајцата од Велес. Имено, кај местото „Петрово чешмиче“, велешко, било сопрено патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., а сопатници биле Х.Џ., Л.М. и Д.Б.. При тоа, Х.Џ. под колата фрлил пакување со кафена грутчеста материја и кафена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Во Скопје падна и штипски дилер кај кого била пронајдена поголема количина дрога.

-Вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Дилер падна и во Струмица. Полицијата упаднала во неговиот дом со судска наредба.

-Вчера во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Дрога била пронајдена кај повеќе лица во текот на вчерашниот ден.

-Во 01:00 во Центар во Скопје приведен е 45-годишниот Н.П. Поради поседување марихуана.

-Во 01:50 во Центар во Скопје приведен е 41-годишниот Н.Б. Поради поседување марихуана и бела грутчеста материја.

-Во 23:30 во Кисела Вода во Скопје приведен е 41-годишниот В.С. Од Скопје поради поседување на прашкаста материја и марихуана.

-Во 15:50 приведени во Прилеп се 29-годишниот Д.Р. И 32-годишниот М.С. Од Прилеп поради поседување марихуана.

-Во 10:35 во Битола, 25-годишниот В.Б. Од Битола бил фатен од полициски службеници, а бил баран поради издржување на казна затвор од три месеци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк