Сопственичката на компанијата Мис Ју, Весна де Винча, истакна дека српската мисица Валентина Петровиќ по скандалот со несреќното покажување двоглав орел, на крајот ќе биде вратена дома од натпреварот, бидејќи е во лоша состојба.
„Јас сум во многу неблагодарна ситуација, бидејќи како претседател на компанијата треба да одлучам. Но, сепак, веројатно ќе ја повлечеме, бидејќи таа мораше да се концентрира на такви прашања. Плус, таа е неспособна да го продолжи натпреварувањето, во тешка ситуација е. Добивала разни закани преку телефон, а на крајот нејзиниот Инстаграм да биде исклучен. Тоа го направиле луѓе од Албанија и косовските Албанци, бидејќи нејзиниот профил бил избришан откако споделила слика на која крева три прста со девојките од Албанија и Косово, со кои претходно покажуваше двоглав орел“ – изјави Весна на телевизијата К1, а ја коментираше изјавата на Мис Албанија, Фронтина Гаши, која рече дека Валентина ја молела да крене три прста и затоа се сликале:
„Тоа што една мисица од Албанија изјавила дека Валентина плачела и молела за да се фотографираат заедно со кренати три прста, откако претходно покажале двоглав орел, воопшто не е вистина. Затоа што има повеќе слики во различни ситуации каде што држат различни симболи, па сето тоа паѓа во вода“ – рече Весна и продолжи:
„Свесна сум дека Валентина не знаела што прави, дека е измамена, но искрено не сум толку сигурна за девојките од Албанија и Косово. Затоа што ова не е прв пат да има провокација на вакви значајни натпревари, кои се многу популарни во светот и имаат одлична медиумска покриеност. Дури сум сигурна дека тоа е нивното лоби, за кое се добро платени, како Рита Ора и Дуа Липа.
Мисицата Валентина Петровиќ за прв пат официјално и се обрати на јавноста, со снимена видео порака, во која тврди дека жртва на стапицата на мисиците од Албанија и Косово.
На овој начин сакам уште еднаш јавно да му се извинам на народот и на државата за непромислените постапки, каде што паднав во стапица. Кога дојдовме овде на натпреварот, девојките од Косово и Албанија имаа погледи кон мене кои не беа баш пријатни. После тоа наеднаш се’ се смени, па сакаа да бидат во мое друштво и да се сликаат со мене, да се дружиме нон-стоп. Јас сум воспитана како некој кој не мрази други религии и нации и го прифатив нивното друштво. Иако имав насоки од блиски луѓе, пред да дојдам на натпреварот, да внимавам што правам, сепак се вклучив во нивната игра и т.н. прекрасна енергија. Мислев дека немаат лоша намера и заборавив на што ме предупредуваа. Сега сум сигурна дека се’ е наместено, бидејќи само што ги споделив сликите каде држиме три прсти заедно, ме блокираа и ми го избришаа профилот, за да не можам повеќе да ги споделувам тие фотографии. Додека тие во меѓувреме продолжија да ги пласираат своите слики кои се на моја штета и тоа онака, дозирано, една по една. Овде поминувам низ вистински пекол. Целиот натпревар и бајката за него сега се претвори во катастрофа и кошмар“ – изјави Валентина во „Уранок“ на телевизијата К1.
Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот
Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.
Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.
Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.
Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.
Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.
Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.
(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.
Mercedes flies over 2 cars in Romania, a 55-year-old driver lost control due to a medical problem, but he survived the crash with moderate injuries, and refused hospitalization pic.twitter.com/YoGn1YZuOZ
На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.
Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.
Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.