Connect with us

Скопје

Заменик градоначалникот на Париз со македонско потекло, Најдовски, вели дека на Скопје му треба трансформација

Published

on

Кристоф Најдовски, е еден од заменик градоначалниците на градоначалничката на француската престолнина Париз. Тој е одговорен за зеленило и биодиверзитет, инаку парижанец со битолско потекло, кој во претходниот мандат беше заменик-градоначалник за транспорт и мобилност.

Во интервју за „БИРН“ пред неколку месеци Најдовски зборуваше за активностите кои ги превзема париската локална власт, а се однесуваат на зелената политика.

„Сакаме да спроведеме вистинска урбана револуција. Секој втор паркинг ќе биде претворен во место за дрво, тревник, проширен тротоар или велосипедска патека. Ќе извадиме сто хектари асфалт од улиците и ќе го замениме со дрвја или со трева. Сто улици ќе ги претвориме во зелени оази. Околу обиколницата ќе направиме кружна шума, а ќе подигнеме и 30 хектари нови градски паркови“, вели Најдовски во интервју за БИРН.

Во однос на фактот што македонската метропола се развива спротивно од француската, со многу згради, паркинзи, автомобили, се помалку зеленило… Најдовски во интервјуто вели:

„Знам дека не е лесно таму да се спроведуваат истите политики што ги водиме тука, зашто градовите се на различен степен на развој. Сепак, Скопје мора за кратко време да направи трансформација каква што другите европски градови прават со децении. Знам дека тоа е радикално, но денес не може да се водат урбани политики како во 1980-тите или во 1990-тите, без баланс во развојот“, порачува Најдовски.

Градската управа од која тој е дел се обидува да го спроведе т.н. концепт на 15-минутен град. Суштината на овој концепт е дека секој треба да има сѐ што му ги задоволува секојдневните потреби на најмногу 15 минути пешачење од својот дом. Тоа значи училиште, здравствени услуги, јавни услуги, продавници, места за релаксација, а по можност и работни места.

Скопје инфо

Скопје

Ѓорѓиевски на работна средба со министерот Салиу: Поддршка за подобар живот на Ромите во Македонија

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес во Владата на Република Македонија оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу.

Фокусот на средбата бил ставен на досегашните мерки и проекти, како и идните инфраструктурни зафати насочени кон подобрување на условите за живот, особено во средините каде што живее ромско население.

„Ги истакнавме нашите заеднички заложби за унапредување на човековите права и подобрување на секојдневието на сите граѓани, со посебен акцент на Ромите“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека во наредниот период ќе се следи имплементацијата на активностите што ќе ги спроведуваат локалните самоуправи, со цел натамошно унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани во Македонија.

Continue Reading

Скопје

Утре ќе нема струја во делови од две скопски општини

Published

on

Делови од Кисела Вода и Илинден утре ќе останат без струја, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „500“ на потегот од број 24 до број 45 во село Марино, општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Continue Reading

Скопје

ВИДЕО: Пожар во стан во Скопје

Published

on

Утрово избувна пожар во стан во населбата Мичурин, Општина Аеродром. Противпожарната бригада е на терен и се бори со огнената стихија. Засега нема официјални информации за состојбата на станарите.

Повеќе детали следуваат наскоро.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк