Љупчо не може да им обезбеди огрев на децата, замолува за помош за дечињата да му бидат згреани оваа зима (Видео)

Драги хумани луѓе!

Некои од Вас ќе се сетат на самохраниот татко Љупчо Нешков од Кучевиште. Лани побара помош од нас за да им обезбеди поубав дом на трите мали ќеркички.Денес, овој несреќен човек боледува од канцер и е неподвижен. И лани додека снимавме се жалеше на болки во кичмата. Се движи само со помош на количка.

Поради ваквата состојба не може да им обезбеди огрев на дечињата, па замолува, хуманите луѓе колку можат да му помогнат за да може децата да му бидат згреани оваа зима.Информации може да добиете на телефон 078/311921

Целата сторија на Љупчо можете да ја погледнете од 25 минута на следниот линк:

YouTube video player