Connect with us

Македонија

Данела прв коментар ексклузивно за ТВ21: Што направивме…. УТРЕ ОСТАВКА ЗАЕВ!

Published

on

Данела Арсовска е пред победа во Град Скопје. Кандидатката за градоначалник на Скопје, пристигна во штабот на улица Македонија, а првиот нејзин коментар беше:

„Што направивме… Утре оставка Заев“, беше коментарот на Арсовска.

Таа алудираше дека Заев мора да го исполни ветувањето кое го даде, односно ако го изгуби Скопје, ќе поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и премиер на земјата.

Македонија

6 СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ЗА САМО 24 ЧАСА Удрени пешаци, полизгувања на патот, полицијата препорачува на внимателност

Published

on

Зимските услови секогаш донесуваат предизвици за возачите и пешаците. Како што може да се забележи од информациите од МВР најголемиот број несреќи се случија за време на раните утрински часови, кога маглата и ледот ја зголемуваат опасноста на патот.

Вчера и синоќа македонските патишта беа сведоци на неколку тешки сообраќајни несреќи, при што повеќе лица беа повредени, а во некои случаи се вклучени и пешаци. Инцидентите се случија низ различни региони. Во некои случаи, возачите загубиле контрола над возилата, додека други несреќи биле резултат на судири меѓу возила и пешаци. Погледнете ги деталите на овие трагични настани:

Околу 02:30 часот, на улицата Маршал Тито во Богданци, се случи трагична несреќа кога патничко возило Хјундаи, управувано од 21-годишниот А.П. од Ѓавато, удри во пешакот Т.И. (25) од Богданци. Пешакот доби тешки телесни повреди и беше пренесен во Општата градска болница во Гевгелија. Полицијата изврши увид.

Вчера наутро во 07:20 часот, на регионалниот пат Гостивар-Село Градец, 51-годишниот возач М.Ш. од село Дебреше, изгубил контрола над своето возило Фолксваген Голф. Возилото излетало од патот и удрило во бетонски столб. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

На истиот ден во 07:40 часот, на улицата Живко Брајкоски во Гостивар, возачот Д.К. (27) удрил во пешакот Е.С. (63) од Гостивар. Пешакот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Ургентниот центар. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Неколку часа подоцна во 09:20 часот, на автопатот Скопје-Велес, 46-годишниот возач Р.Ѓ. од Скопје, изгубил контрола над возилото Мерцедес, што резултирало со удари во жичена ограда и бетонски столб. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Во 12:15 часот на 27 декември, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, се случи сообраќајна несреќа која вклучуваше четири возила: Опел Астра, БМВ, Форд Куга и Волво. Три возачи и неколку сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани од лекарите на Општата болница Куманово.

На 27 декември, околу 17:05 часот, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Никола Парапунов во Скопје, возачот Б.Н. (40) од Кавадарци удрил во пешакот И.М. (56) од Скопје.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември”. Полицијата и јавниот обвинител се информирани за настанот, а увид на местото изврши полиција.

Зимските услови секогаш донесуваат предизвици за возачите и пешаците. Како што може да се забележи од информациите од МВР најголемиот број несреќи се случија за време на раните утрински часови, кога маглата и ледот ја зголемуваат опасноста на патот.

„Возачите мора да бидат особено внимателни, особено при извршување на маневри, но исто така и пешаците не треба да ги заборават ризиците додека се движат по замрзнатите улици. Ова е сериозна порака за сите нас – без разлика дали управувате возило или пешачите низ градот, предпазливоста е клучна за да се избегнат несреќите кои можат да остават сериозни“, предупредуваат експертите.

Continue Reading

Македонија

МЕРКО БЕЗ ПАСОШ, АРТАН И ПАПАРИМ ГИ НЕМА Од Вреди велат дека ова е сликата на криминалот зад кој стои ДУИ

Published

on

Од Коалицијата Вреди изјавуваат дека правдата денес го наоѓа патот кон сите кои со години го оштетувале албанскиот народ и ја погазиле довербата во институциите.

Коалицијата Вреди ја обвини ДУИ за, како што велат, 20-годишното уништување на државата преку корупција и криминал. Според соопштението кое го испратија, важни претставници на ДУИ, вклучувајќи ги Артан и Прпарим, се во бегство, додека Рамиз Мерко се соочува со правдата без пасош.

„Мерко без пасош, Артан во бегство, Прпарим исчезна. Ова е ДУИ, партија која го уништила секој дел од нашиот систем. Но, правдата е на пат и никој не ќе успее да побегне“, велат од Коалицијата.

Потегот на ДУИ за корупција и криминализмот кој ја опфаќа државата и општините е темелно истражен од страна на Вреди, која тврди дека тоа е сега на крајот на својот пат. Вреди изјавува дека правдата денес го наоѓа патот кон сите кои со години го оштетувале албанскиот народ и ја погазиле довербата во институциите.

„Не сакаме да сме дел од корупцијата на ДУИ. Изборот на народот е јасен: време е за промени, време е за правда!“, додаваат тие.

„Падот на Артан и Прпарим е само почеток. ДУИ, која сега е синоним за измама и предавство, започна да се распаѓа како кула од карти. Ќелиите веќе се дезинфицираат за да ги пречекаат оние кои беа поштедени од правдата“, се вели во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Одредени мерки на претпазливозст за струшкиот градоначалник Мерко

Published

on

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

Како што соопшти ЈОРСМ, надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

– Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението.

Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк