Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Нападнат набљудувач: Ова е Сарај и во село Бојане не може никој да те спаси

Набљудувач од опозициска партија денеска бил нападнат од страна на активисти на две партии од власта. Инцидентот се случил во избирачко место во село Бојане во Сарај.

Во разговор со главниот уредник на радио Лидер Љупчо Златев, набљудувачот го раскажува страшното сведоштво и немилиот настан кој тој го доживеал денеска додека ја извршувал својата работа.

Дојдов уште рано изутринава во 8 часот, но бев избркан, затоа што не требало наводно да бидат двајца членови од опозицијата да бидат, јас ги послушав и излегов и не влегов до 12 часот, после тоа кога влегов  и кога имав   забелешка и реакација во однос на гласањето , дојде до судир, ме нападнаа и кажаа вака  “Ова е Сарај во село Бојане и не може да се спаси никој , тука Шилегов направил пат и донел вода до некое место“, ијзави набљудувачот.

Потоа не успееја да ме изнесат од избирачкото место и потоа ја нападнаа и една од набљудувачите, девојчето плачеше. Овие неправилности ние секако ќе ги нотираме , изјави тој.

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Анита Тополова-Исајловска ја презема функцијата на државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја преземе функцијата вршител на должноста државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Тополова-Исајловска, која беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во обвинителството. Таа доаѓа од местото заменик јавен обвинител, носејќи со себе искуство и континуитет за највисоката јавна функција во обвинителската служба.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

vila

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти регистрираа вкупно 126 случаи на грип и заболувања слични на грип во Република Северна Македонија. Ова претставува алармантно зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, што покажува дека сезоната на грип полека, но сигурно ја зазема својата динамика.

Епидемиолозите предупредуваат на потребата од зголемена внимателност, редовно миење на рацете и избегнување на големи групи луѓе, особено за ранливите категории – децата, постарите и хронично болните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг