Хајредини: И сакате да нема криза за струја!

„Дел од „експертите“ во МЕПСО! Синот на Бучко! Ќерката на Талат Џафери! Синот на Грчев! Ќерката на Невзат Бејта! Сестрата на Бектеши… И сакате да нема криза за струја?- коментира екс-министерот за Финасии Џевдет Хајредини во објавата во која смирува дека поскапувањо на струјата засега не се најавува поради локалните избори.

Заменик градоначалникот на Париз со македонско потекло, Најдовски, вели дека на Скопје му треба трансформација

Кристоф Најдовски, е еден од заменик градоначалниците на градоначалничката на француската престолнина Париз. Тој е одговорен за зеленило и биодиверзитет, инаку парижанец со битолско потекло, кој во претходниот мандат беше заменик-градоначалник за транспорт и мобилност.

Во интервју за „БИРН“ пред неколку месеци Најдовски зборуваше за активностите кои ги превзема париската локална власт, а се однесуваат на зелената политика.

„Сакаме да спроведеме вистинска урбана револуција. Секој втор паркинг ќе биде претворен во место за дрво, тревник, проширен тротоар или велосипедска патека. Ќе извадиме сто хектари асфалт од улиците и ќе го замениме со дрвја или со трева. Сто улици ќе ги претвориме во зелени оази. Околу обиколницата ќе направиме кружна шума, а ќе подигнеме и 30 хектари нови градски паркови“, вели Најдовски во интервју за БИРН.

Во однос на фактот што македонската метропола се развива спротивно од француската, со многу згради, паркинзи, автомобили, се помалку зеленило… Најдовски во интервјуто вели:

„Знам дека не е лесно таму да се спроведуваат истите политики што ги водиме тука, зашто градовите се на различен степен на развој. Сепак, Скопје мора за кратко време да направи трансформација каква што другите европски градови прават со децении. Знам дека тоа е радикално, но денес не може да се водат урбани политики како во 1980-тите или во 1990-тите, без баланс во развојот“, порачува Најдовски.

Градската управа од која тој е дел се обидува да го спроведе т.н. концепт на 15-минутен град. Суштината на овој концепт е дека секој треба да има сѐ што му ги задоволува секојдневните потреби на најмногу 15 минути пешачење од својот дом. Тоа значи училиште, здравствени услуги, јавни услуги, продавници, места за релаксација, а по можност и работни места.

Скопје инфо

Земјотресите пpeдизвикаа паниka во Дебар, граѓаните ги нaпуштија своите домови и останаа во дворовите

Земјотресите кои утрово беа регистрирани во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, најмногу ги вознемирија дебрани, посебно оние во станбените згради.


Тие ги напуштија своите домови и одреден временски период останаа во дворовите на зградите, а некои заминаа кај свои блиски кои живат во куќи.

-Ќе одиме кај мојата ќерка, која живее во куќа, таму ќе бидеме побезбедни. Куќата е едноспратна, па ако повторно затресе можеме побрзо да излезиме. Живееме на петти кат, страшно беше, вели жителка на станбена зграда.


Епицентарот на земјотресите е во областа на пограничното рударско гратче Булќиза, на тресеттина километри од Дебар.


– Од вчера во 17 часот, кога е почувствуван првиот потрес регистрани се вкупно девет, со различна јачина, од 3,3 до 3,6 а најсилен беше оној во 8:10 часот. Епицентарот е во подрачјето на Булќиза со магнитуда од 4,5 степени според рихтеровата скала што кореспондира на 5 степени во жариштето на земјотресот, кој беше на длабочина од 10 километри, изјави за Ора њуз албанскиот сеизмолог Едмонд Души.

Според него тлото е се уште активно и со сигурност не може да се каже дали потресот во 8:10 е кулминација на оваа активност или ќе продолжи, затоа, додава, можни се нови потреси

Уште еден, ШЕСТ по ред ЗЕМЈОТРЕСИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 12 часот и 23 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 100 km југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.


Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението во западните делови од нашата Република со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Германската амбасада во Скопје ЗАТРУПАНА за работни визи

Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин, соопшти Германската амбасада на својата Фејсбук страна .

-Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин. Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините. На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани, информираа од амбасадата.

Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ со која се овозможува привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот за државјани од шесте земји во регионот.Ова правило им овозможува на сите заинтересирани да се пријават за работна виза во амбасадата во Скопје.

Тинејџерка сама се породила во тоалет, гледала упатства на ЈуТјуб

Девојка (17) од Индија се породила во својот дом користејќи упатства преку видео снимка на ЈуТјуб бидејќи бременоста ја криела од семејството, соопштила полицијата.

Бебето го родила на 20 октомври, но нејзиното семејство дознало два дена подоцна кога слушнале плачење на бебе од нејзината соба.

Веднаш ја однеле во болница, а мајката и бебето се добро, велат од полицијата.

Оттаму потврдиле дека против таткото (21) е поднесена кривична пријава бидејќи девојката е малолетна.

-Тие биле во врска, еден ден дошол кај неа дома и имале односи. Кога дознала дека е бремена, молчела, не смеела да им каже на родителите, велат од полицијата.

Мајката на девојката, која има проблеми со видот, не забележала дека ќерката е бремена, а таткото кој работел како ноќен чувар едвај преку ден го гледал семејството.

Таа носела широка облека што и помогнало да ја сокрие бременоста.

-Проучувала се за породувањето, гледала видеа за бременост. Снимка од породување гледала додека сама се породувала, дури и сама ја пресекла папочната врвка, се наведува од полицијата.

Семејставата знаеле за нивната врска и планирале да направат свадба кога таа ќе наполни 18 години.

СРЕЌНО: Боите на македонската репрезентација ќе ги бранат 13 каратисти на Европскиот шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате од 29-31 октомври 2021 година ќе учествува на 35-от ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате во Белград, Србија.

Боите на македонската репрезентација во Белград ќе ги бранат: Дејан Недев, Емилија Јанчевска, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ во сениорска конкуренција, Антонија Белазелкоска, Иван Пиневски и Максимилијан Глигоров во јуниорска конкуренција, Мила Младеновска во кадетска конкуренција и Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Борјан Синадиновски, Марта Димковска и Софија Јарчевска во конкуренција на деца.

Ахмети: Заев никако не смее да даде оcтавка, тoј има договор со мене, со коалициските партнери..

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 се осврна и кон најавената оставка на премиерот Зоран Заев доколку го загуби Град Скопје.

Според Ахмети, Заев не треба да даде оставка, односно не може да се повлече сега кога се пред сериозни предизвици.

„Зоран Заев има договор со коалициските партнери. Јас имам договор со него. Нема никаква смисла и логика Заев да даде оставка ако се изгуби Скопје. Не дека ќе го изгуби, но не е добро така да изјавува. Тој е премиер, не е градоначалник на Струмица. Никако не смее да даде оставка. Државата има многу сериозни предизвици. Заев има мандат и не може да се повлече. Имаме владина програма. Имаме сериозни проекти кои сме ги ветиле. Затоа, не верувам дека ќе даде оставка“, порача Ахмети.

Кралска свадба во Грција, се ожени грчкиот принц Филип

Викендов во Атина се одржа кралската венчавка на грчкиот принц Филип и неговата избраничка Нина Флор, која ги собра припадниците на сите европски монархии. Ова е прва кралска свадба одржана во Грција после 50 години.

Иако многумина очекуваа дека невестата ќе се одлучи за креација на некој од познатите грчки дизајнери, таа сепак се одлучи за венчавица од модниот бренд „Шанел“ од свилен тафт.

И ако беше изработена специјално за неа, сепак беше направена по пример на една од креациите од нивната колекција за Висока мода за престојната сезона есен-зима.

Принцот Филип е роден во Лондон, а на неговата крштевка  кумови биле принцезата Дајана и принцот Вилијам.

Светиот маченик Лонгин, при крстот Господов

 Евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа.

Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги потплатуваа војниците да разгласуваат лажна вест дека божем Господ не воскреснал, туку дека телото Го украле Неговите ученици. Евреите се обидоа да го потплатат и Лонгин, но тој не се даде.

Тогаш Евреите прибегнаа кон својот вообичаен начин, т.е. решија да го убијат. Кога дозна за ова Лонгин го симна војничкиот појас, се крсти од апостолите заедно со оние двајца другари, и заедно тајно го напуштија Јерусалим, од каде што се преселија во Кападокија. Таму, светиот Лонгин се предаде на пост и молитва и како жив сведок на Воскресението Христово со своето сведоштво обрати мнозина незнабошци во вистинската вера.

Потоа се оддалечи в село на имотот на татко му. Сепак, еврејската злоба ни таму не го остави мирен. Поради клевета од Евреите, Пилат испрати војници да го убијат Лонгин. Свети Лонгин го проѕре со духот приближувањето на своите џелати, па им излезе во пресрет и ги покани во својот дом не кажувајќи им кој е. Добро нагостени од него тие легнаа да спијат, а свети Лонгин застана на молитва и цела ноќ се подготвуваше за смрт молејќи се. Во зората отиде и ги доведе оние свои двајца другари, се облече во бели погребни облеки, ги поучи домашните, и им покажа место на едно ритче за да го закопаат.

Тогаш им се јави на војниците и им кажа дека тој е Лонгин когошто тие го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не ни мислеа да го убијат, но тој почна да ги присилува да ја извршат заповедта на својот старешина. И тогаш ги убија Лонгин и неговите двајца другари. Главата Лонгинова војниците му ја однесоа на Пилат, Пилат им ја предаде на Евреите, а тие ја забија во ѓубриштето надвор од градот.