Connect with us

Балкан

Бериша го нарече Заев “слеп политичар“ и авантурист кој ја претвори Македонија во „јаболко на раздорот“

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша во градот Камза, на собир со членови и симпатизери на Демократската партија, чиј почесен претседател е, го коментираше поразот на СДСМ на локалните избори што доведе до оставка на Зоран Заев како премиер и претседател на СДСМ, пренесува Ора њуз.

Тој ги поздравил македонските гласачи, за кои рекол дека му го поништиле билетот на „авантуристот“ кој Северна Македонија ја претворил во „јаболко на раздорот“ за Бугарија и Србија.

Со заминувањето на Заев, како што рекол, мртва е иницијативата „Отворен Балкан“, проект „против Косово и албанската нација“.

-Испраќам срдечен поздрав до гласачите во Северна Македонија кои го поништија билетот на еден авантурист, кој со својата авантура ја претвори Северна Македонија во јаболко на раздорот меѓу Бугарија и Србија. За овој слеп политичар заборави дека за Белград Северна Македонија не е ништо друго освен јужна Србија. Македонија е создадена за да го спречи формирањето на Голема Србија, на Голема Бугарија. Истрча кон Белград како да е син на Пашиќ, рекол Бериша.

Обвинувајќи дека зад иницијативата „Отворен Балкан“ стои Џорџ Сорос додал дека „иницијатвата умрела пред два дена со гласање на граѓаните на Македонија“.

-Како дух на повоениот Балкан, трилатералниот сојуз Белград-Тирана-Скопје оди против Косово и албанската нација. Ја поздравувам косовската влада што цврсто застана против оваа иницијатива која носи конфликти, враќајќи ја хегемонијата на Белград во регионот, иницијатива која ги претвора Албанија и Македонија во белградски вазали, опколувајќи го Косово со непријателски клики, земја која штотуку излезе од војни и конфликти, рекол Бериша.

Според него, нема потреба од хегемонија, туку соработка меѓу рамноправни земји.

Балкан

Бериша најави национални протести поради политичката состојба во Албанија

Поранешниот албански премиер и лидер на Демократската партија, Сали Бериша, најави организирање национални протести низ Албанија, изразувајќи незадоволство од актуелната политичка состојба и начинот на кој, според него, функционираат институциите во земјата.

Бериша во своето обраќање посочи дека протестите ќе бидат насочени против, како што рече, злоупотребата на власта, корупцијата и нарушувањето на демократските принципи. Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на улиците и да го искажат својот револт преку мирни, но решителни демонстрации.

Според најавите, протестите ќе се одржуваат во повеќе градови и ќе имаат за цел да извршат притисок врз институциите за, како што тврди Бериша, враќање на владеењето на правото и почитување на демократските стандарди.

Од владејачките структури засега нема официјална реакција на најавата за протестите, додека безбедносните служби најавуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и ќе преземат мерки за одржување на јавниот ред и безбедност.

Политичките аналитичари оценуваат дека најавените протести дополнително ќе ја заострат политичката сцена во Албанија, која и во изминатиот период се соочува со силни тензии меѓу власта и опозицијата.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Босански тинејџер го собори светскиот рекорд: Со глава скрши 111 бетонски блокови за 35 секунди

Неверојатен физички подвиг привлече внимание ширум светот откако 16-годишниот Керим Ахметспахиќ од Босна и Херцеговина официјално постави нов светски рекорд во скршување бетонски блокови со глава.

На настан во босанскиот град Високо, организиран пред комисија на Гинисовата книга на рекорди, Ахметспахиќ во рок од само 35 секунди успеа да скрши 111 блокови со својата глава, што претставува досега невиден рекорд во оваа дисциплина.

Младиот шампион, кој е и црн појас во таеквондо, ги постави блоковите во колони и со прецизни удари ги разбиваше еден по еден, демонстрирајќи неверојатна сила и контрола. Движењето настанот предизвика громогласен аплауз од присутните, кои со восхит го следеа секој негов потег.

Овој подвиг е признат од страна на официјални претставници на Гинисовите рекорди како нов најголем број бетонски блокови скршени со глава, што значително го надминува претходниот рекорд.

Постигнувањето на Ахметспахиќ не само што го запиша негoвото име во историјата на рекордите, туку и ја истакна важноста на дисциплината, тренингот и физичката подготвеност во екстремни услови.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Балкан

Потврден случај на лепра во Хрватска – заразен странски работник од Непал кој престојувал во Сплит

Во Хрватска е регистриран редок случај на лепра кај машко лице, информираат здравствените власти. Станува збор за странски работник од Непал, кој во изминатиот период работел и престојувал во Сплит.

Надлежните служби наведуваат дека пациентот е навремено дијагностициран и ставен под соодветен медицински надзор, а во моментов не претставува ризик за пошироката јавност. Според експертите, лепрата е заболување кое се лекува и има многу ниска стапка на пренос, особено при современи услови на здравствена заштита.

Хрватските здравствени институции спровеле епидемиолошка истрага со цел да се утврдат контактите на заразеното лице и да се преземат сите превентивни мерки. Засега нема информации за други заразени лица.

Од здравствениот систем порачуваат дека нема место за паника, бидејќи станува збор за исклучително редок случај, а системот е подготвен за навремена реакција и контрола на вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг