Ибрахимовиќ му собра на Тикокер 10 милиони лајкови со костум од Squid Game (ВИДЕО)

21-годишниот Каби Ламе е едно од најпрепознатливите лица на светот, благодарение на TikTok, каде што го следат повеќе од 118 милиони луѓе.

Неговото најново видео инспирирано од серијата Squid Game воодушеви милиони негови следбеници.

Во видеото, Хаби реконструирал една од игрите од популарната серија во која натпреварувачите мораа да поминат стаклен мост.Кога Хаби ќе стигне до целта, чуварот го запира и ја симнува маската, а под неа е фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.

Неговото лице го збунува тиктокерот, кој потоа паѓа од платформата, а Златан прави препознатливо движење со раката што Хаби вообичаено го користи во своите видеа.

Објавата ја лајкнаа над 10 милиони луѓе.

YouTube video player

„Каква соработка“, „Најсилното видео досега“, „Ова видео има сè“, се само дел од коментарите.