(Видео) Фолк пејачот Цаки Кисми разнесува дрва, вели од музика не се живее

Малкуте настапи и свирки кои ги имаше фолк-пејачот Сашо Нојкиќ во изминатиот период, го натераа да одмори од пеењето и да почне да со друга работа. Тој објави видео и рече дека сега почнал да разнесува дрва. Секој кој сака може да го ангажира, а 20 евра му е дневница.

„После изедени 20 ќебапи спремен сум за работа. Инаку 20 евра дневница е. Кој сака може да ме најми за работа“, рече Нојиќ кој е познат како Цаки Кисми.

Инаку Цаки е познат фолк-пејачи кај анс кој го нарекуваат кралот на кафаните.

YouTube video player

Зад себе има број хитови, а освен во Македонија, редовно настапува и во дијаспората.