Џесика Симпсон објави фотографија на која е непрепознатлива: „Четири години сум трезна!

Актерката и пејачка Џесика Симпсон (41) на социјалните мрежи објави фотографија направена пред четири години додека се борела со зависност од алкохол и апчиња.

– Оваа личност од раните утрински часови на 1 ноември 2017 година е моја непрепознатлива верзија. Во овој момент знам дека требаше да си дозволам да ја вратам светлината, да покажам победа над мојата внатрешна битка за самопочит и да го охрабрам овој свет со продорна јасност – го започнала Џесика описот под фотографијата на која изгледа како друга личност.

 За да го постигнам ова, морав да престанам да пијам алкохол бидејќи тоа ги тераше умот и срцето да ми циркулираат во иста насока. Искрено, бев исцрпена. Не ми се верува дека поминаа 4 години! Мислам дека тоа е добра работа. Ха. Толку е стигмата околу зборот алкохолизам или етикетата на алкохоличар – се пожали пејачката.

– Вистинската работа што требаше да ја работам во мојот живот беше всушност да прифатам неуспех и болка. Алкохолизмот навистина не беше проблем. Јас бев проблемот, не се сакав себеси. Денеска се помирив со моите стравови и ги прифатив деловите од мојот живот кои се тажни. Слободна сум – заклучила таа.