Connect with us

Македонија

Американец со боксови нaпaднал тројца полицајци во хотел во Центар

Published

on

На 03.11.2021 во 14.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Ф.Ш.Ч.(42) од САД, затоа што во хотел на ул.„Јордан Мијалков” се однесувал недолично, а по пристигнување на полициските службеници се однесувал агресивно кон нив и физички нападнал тројца полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Против лицето беше поднесена соодветна пријава по што основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди. Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. 

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк