Град Скопје му додели награда на Филипче за достигнувања во мeдицината

Иако се уште се свежи сеќавањата од пискотниците од тетовската болница, Градот Скопје во претходниот советнички состав се одлучил да го награди министерот за здравство, Венко Филипче за неговите „достигнувања“ од областа на медицината.

Инаку се работи за наградата 13 Ноември од од областа на здравствената заштита.

13 Ноември е награда што ја доделува градот Скопје по повод денот на неговото ослободување во Втората светска војна. Наградата се доделува во повеќе категории, како: култура, наука, уметност, архитектура итн.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.

Вечерта на 8 септември во тетовската модуларна болница за ковид-пациенти се случи една од најголемите трагедии во историјата на државата. Досега е потврдена смртта на 15 лица, од кои 14 биле директни жртви на огнената стихија. Последната жртва е 20-годишна жена која починала пред почетокот на пожарот. Најмалку 12 лица беа повредени.