Гоце ,,Вегета” доби кривична за марихуана

Поранешниот кандидат за градоначалник на Охрид Гоце Цветкоски доби кривична за марихуана.

Од СВР Охрид поднесена е пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од полицијата велат дека при претрес во станот каде престојувал осомничениот во Охрид, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.

Цветкоски пак во телефонска изјава за Сител вели дека против него се прави хајка за да се замолчи гласот на народот.

Пријавата против 40-годишниот Гоце Цветковски од охридско Подмоље кој беше третиот човек на листата кандидати за градоначалник на Охрид е поднесена на 2-ри ноември, но претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник.