Connect with us

Македонија

Вучиќ прифати договор со кој Македонците и Србите ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Македонските бизнисмени Ванчо и Душко Чифлиганец, топ менаџментот на Адора, која што во моментов во Србија има градежна инвестиција од 15 милиони евра во двете насоки, на средбата „Отворен Балкан“ во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ го отворија прашањето и побараа да се потпише договор меѓу двете земји со кој ќе им се овозможи на македонските и на српските граѓани да купуваат и поседуваат недвижен имот во двете соседни земји.

Српскиот претседател Вучиќ веднаш реагирал и побарал од српските и македонските служби да најдат решение и ова прашање што поскоро да се затвори за македонските граѓани слободно да можат да купуваат недвижен имот во Србија и обратно, српските граѓани во Македонија. Тој очекува прашањата кои што денеска беа отворени во Белград, да се затворат во најбрз можен рок во интерес на бизнисмените и на граѓаните.

Бриф мк

Advertisement

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Анита Тополова-Исајловска ја презема функцијата на државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја преземе функцијата вршител на должноста државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Тополова-Исајловска, која беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во обвинителството. Таа доаѓа од местото заменик јавен обвинител, носејќи со себе искуство и континуитет за највисоката јавна функција во обвинителската служба.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

vila

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти регистрираа вкупно 126 случаи на грип и заболувања слични на грип во Република Северна Македонија. Ова претставува алармантно зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, што покажува дека сезоната на грип полека, но сигурно ја зазема својата динамика.

Епидемиолозите предупредуваат на потребата од зголемена внимателност, редовно миење на рацете и избегнување на големи групи луѓе, особено за ранливите категории – децата, постарите и хронично болните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг