Невидени поплави во Босна и Херцеговина, евакуација и критична состојба (Видео)

Сараево се соочува со големи поплави како резултат на обилните дождови кои врнат веќе два дена во Босна и Херцеговина.

Силниот дожд предизвика поројни поплави. Дел од жителите мораше да бидат евакуирани. Неколку часа немаше ниту електрична енергија, а голем број улици во главниот град се потопени. 

Повеќето делови од Сараево останаа без струја поради поплавување на една од главните трафостаници на периферијата на градот.

Десетици луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови во сараевското предградие Отес и во градот Коњиќ, на околу 50 километри (30 милји) југозападно од главниот град.

„Сè е поплавено. Само што му се јавив на колега кој ми рече дека не може да излезе од неговата куќа, водата дојде до првиот кат од нивната куќа“, посочи Салих Рамадани.

Дождот започна доцна во четвртокот, а прогнозите велат дека ќе продолжи да паѓа до недела, што ги зголеми стравувањата од повторување на рекордните поплави кои зафатија околу една третина од населението во 2014 година.

YouTube video player