Connect with us

Балкан

Никој не ни помага, гладна сум два дена – АПОКАЛИПТИЧНИ сцени од САРАЕВО!

Видео снимки направени од воздух најдобро ги покажуваат размерите од поплавите кои го погодија Кантонот Сараево, а како резултат на страшното невреме кое траеше во текот на ноќта и денес.Снимени се најкритичните делови од Сараево, а кадрите ги прикажуваат потопените населби. Може да се забележи и дека Босна е надојдена и дека се излеала на неколу места, при што ги потопила објектите кои се наоѓаат покрај реката. Под вода се и некои населби кои се наоѓаат од двете страни на автопатот.

https://youtu.be/M61yiszusNw

Фоторепортерите на порталот Klix.ba освен снимки од воздух, ја забележале и ситуацијата на теренот каде под вода се голем број станбени објекти и приватни автомобили. Спасителите веќе ги евакуираат жителите од Отеса и ги преместуваат на посигурни локации.

Заради целата ситуација поголем дел од Сараево е без струја, а некаде елетрична енергија нема заради претпазливост.

Сараевскиот кантон во текот на ноќта го зафати страшно олујно невреме, а најлошо е во Отеса.

Поплавен е и современиот комплес Sarajevo Waves, што се наоѓа на Илиџа.

Во многу делови на Отеса водата е до колена, но на некои локации е и преку метар, па може да се видат само крововите на автомобилите како ѕиркаат низ водата.

Освен Отеса поплавни се и населбите Влаково, Бутимир и Доњи Которац.

https://youtu.be/38fmwonfoUM

За ТВ Хајат жителка на најзагрозениот дел од Сараево вели дека помош нема, а гладна е веќе два дена.

Балкан

Силни поплави ја зафатија Атина и Солун – Грција под обилни дождови

Грција се соочува со серија разорни бури и обилни дождови предизвикани од силен циклон кој го зафати поголемиот дел од земјата. Најкритична е ситуацијата во северните, централните и југоисточните региони, како и во областа на Егејското Море, каде што во еден ден наврнале до 100 литри дожд на квадратен метар.

Интензивните врнежи предизвикаа разорни поплави и порои кои уништија возила, поплавија згради и предизвикаа големи материјални штети. Обилните дождови не ги заобиколија ниту главниот град Атина, ниту Солун, каде што штетите се значајни.

Метеоролозите предупредуваат дека серијата бури ќе продолжи до крајот на неделата, со дополнителна закана од разорни поплави и ненадејни водени талози. На некои локации се очекува дополнителни 100 до 200 литри дожд на квадратен метар, што дополнително го влошува ризикот за нови штети.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, да избегнуваат непотребно движење и да се придржуваат до упатствата на локалните власти.

Continue Reading

Балкан

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и на поширокиот Западен Балкан. Таа оцени дека активностите што се забележуваат претставуваат типичен дел од рускиот хибриден арсенал, насочен кон создавање поделби и поттикнување сецесионистичка реторика.

Шекеринска нагласи дека руските обиди за хибридно делување не се ограничени само на регионот, туку се присутни и кај други сојузници и партнери на НАТО. Според неа, Западен Балкан останува од стратешка важност за Алијансата, која во регионот има повеќе членки, како и партнери меѓу кои и БиХ.

Говорејќи за состојбата во одбранбениот сектор на БиХ, таа посочи дека НАТО помага во низа практични области, но дека стабилното финансирање на Оружените сили на БиХ е клучно за нивна модернизација. Потсети и на програмата DCB, преку која БиХ доби опрема и специјализирани возила со поддршка од Словенија, но предупреди дека таквата помош мора да биде проследена со долгорочни национални вложувања.

Во пораката до политичките лидери во БиХ, Шекеринска истакна дека политичките компромиси често се ризични, но носат поголема сигурност и стабилност на долг рок. Таа додаде дека граѓаните очекуваат исчекори напред, наместо повторување на истите политички конфликти што ја следат земјата веќе три децении.

Continue Reading

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг