Мене за „стрелањето” веднаш ме викнаа во ОЈО. Шкодрана од ДУИ за „војнава” – јок!?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук укажува дека институциите не реагираат и дека имаат двојни аршини, во врска со најновиот случај каде кадар на ДУИ, Шкодране Дардишта се закани со војна. 

Таа се закани со војна, откако е објавено дека ВМРО-ДПМНЕ има ново парламентарно мнозинство, со што ДУИ по долги години може да замине во опозиција. 

„Мене за „стрелањето” веднаш ме викнаа во ОЈО. Шкодрана од ДУИ за „војнава” – јок!?По падов на Режимов, прва метла ќе заигра во Обвинителството!“, пишува Апасиев.