Connect with us

Македонија

100 килограми запленетата дрога вредна 350.000 евра

Published

on

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

Осомничениот, се вели во соопштението од ЈО, на 7 ноември 2021 година во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници, додека управувал со патничко моторно возило „Ситроен Берлинго” со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице.

„При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во пет најлонски вреќи“, информираат од ЈО.

Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид, стои во соопштението од ЈО, доставил предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија

Утре без струја тетовско село

Published

on

Жителите на едно тетовско село утре, 15 јануари 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички работи. Прекините ќе траат во текот на денот, а надлежните ги повикуваат граѓаните на разбирање.

Дел од с.Желино, објекти кои се наоѓаат во центарот на селото прекин од 09:00 до 14:00 часот

Continue Reading

Македонија

Николовски: Новиот пат Градско – Дреново е почеток на големи инфраструктурни проекти

Published

on

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше блокиран од претходната Влада. Ние за еден месец успеавме да ги решиме проблемите и да го изградиме овој прекрасен пат, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во своето обраќање.

„Навистина е задоволство во рок од само десетина дена второ големо отворање. Денеска го отвораме експресниот пат кој што треба да не поврзува од Градско до Дреново дел од експресниот пат Градско – Дреново – Фариш. Еден преубав експресен пат кој што ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Кривогаштани, на Крушево, секако и Росоман и поврзување со главниот град, но исто така ќе знаќи и поврзување со соседна Грција и поврзување на Коридор 10“,  рече Николоски.

Посочи дека станува збор за Коридор 10д којшто треба да значи целосно автопатско или експресно поврзување со вториот голем граничен премин – Меџитлија и притоа им честиташе на сите ангажирани во неговата  изградбата.

„Кога отвораме вакви проекти и кога имаме завршени проекти навистина е добро да се кажат убавите работи и тука сакам да се заблагодарам на Премиерот за целосната посветеност. Без него ова не можеше да биде возможно. Буквално на дневна основа ја следеше работата на овој експресен пат. А исто така сакам да се заблагодарам и на ЕУ бидејќи тука има значајна грант компонента, но многу поважно од тоа е посветеноста за развој на овој дел од државата и заради посветеноста да се помогне оти државата не е само главниот град, туку треба рамномерно да се развива и секако тука е поврзувањето со соседите“,

„Обично не сакам да зборувам за проблеми и ќе кажам дека ќе завршуваме проекти затоа што сме избрани да работиме, а не да се жалиме. Но пред мене е првиот документ кој го добив кога станав министер за транспорт. Првата голема главоболка со која што се соочив и се соочи Владата е извештајот за тоа во каква состојба беше овој експресен пат. е ви кажам директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, сега гледате како прекрасно изгледаат двете страни на патот и недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се исплатат и да се доврши реализацијата на овој експресен пат.

Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендуми, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува“,

Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.

Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти“, појасни Николоски/

Најави дека многу наскоро ќе биде отоврена и втората делница, од Дреново до Фариш, за која рече дека се изградеи два тунели коишто ќе значат нова содржина, па и  во туристичкиот дел во овој регон.

„А понатаму ќе работиме и на изградба на трета лента на Плетвар каде што сега нема, некаде е кај Беловодица до Прилеп како би можело од Скопје до Прилеп да се патува за час – час и десетина минути. Исто така веќе работиме на и изградба на автопат од Скопје до Битола како би можело од Скопје до Битола да се патува за час и половина“, додаде Николоски..

Continue Reading

Македонија

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Published

on

Денеска во СВР Скопје било пријавено дека околу eден часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Н.(27) и неговата девојка И.Т.(28), двајцата од Скопје.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк