Connect with us

Македонија

Четвртоодделенците ќе може да учат од печатени учебници, но родителите САМИ ДА ПЕЧАТАТ и да си ги ПЛАТАТ

Бирото за развој на образованието (БРО) им дозволи на децата од четврто одделение да користат печатени учебници, но родителите ќе треба сами да си ги печатат и да платат за тоа, но тоа не смеат да го прават издавачки куќи или фотокопирници и од тоа „да прават бизнис“.

Ајше Ајрулаи, раководителка на сектор во БРО, за „Слободен печат“ изјави дека дигиталните учебници имаат опција за печатење и секој може тоа да го стори доколку сака.

Дискутиравме за тоа. Не смее да се прави бизнис и учебниците да се копираат од страна на издавачки куќи. Материјалот може да се користат онлајн, но ако имаат потреба може да си го отпечатат. Учебниците треба да се користат како електронски верзии. Доколку некој сака да го отпечати, може да го стори тоа затоа што апликацијата ја дава таа можност. За социјалните случаи, Министерството додели одреден процент на печатени учебници, мислам дека беа 20 отсто. Дури и таблети се доделија на одредени ученици. Сите други треба онлајн да ги користат учебниците, вели Ајрулаи за „Слободен печат“.

По информациите дека во некои книжарници се продаваат комплет учебници за четврто одделение, кои ги има во дигитална форма, неодамна на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците. Таа рече дека таквата продажба е кршење на правата на авторите, а МОН никому не му издало одобрение да ги печати или да ги продава дигиталните учебници.

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг