Кривопаланчанката Мери Акиевска од Магнус фитнес центар, Скопје се искачи на Светскиот пиедестал во категорија Велнес фитнес освојувајќи златни медали во јуниорска и сениорска конкуренција како и две апсолутни титули во двете конкуренции, на 75-то Светското фитнес и бодибилдинг првенство за мажи и жени во Шпанија што се одржа од трети до осми ноември.
Мери Акиевска. Фото: преземено од фејсбук профил на Акиевска
– Мојата категорија е Велнес Фитнес, а на Светскиот настан освоив златен медал во јуниорска и сениорска категорија исто така и во двете категории две апсолутни титули. Мојот матичен клуб во Северна Македонија е Фитнес центарот “Магнус”. Најпрвин започнав да се занимавам рекреативно со фитнес и бодибилдинг, но за кратко време добив голема промена на мојата форма бидејќи генетиката игра голема улога и така се мотивирав и преминав веќе како професионален натпреварувач во бодибилдинг покрај тоа што работа како тренер во “Магнус”.Во овој спорт професионално работам од 2019 година откако започна моето прво натпреварување и првите златни медали што придонесоа многу за мотивација, вели Акиевска.
Според неа, ништо не е тешко кога го работиш со голема љубов, но бодибилдингот кај нас не е категоризиран и, како што рече, овие натпреварувачи немаат голема поддршка.
Мери Акиевска. Фото: Фејсбук профил од Акиевска
– Јас работам во фитнес центарот “Магнус” како тренер, но реално, од овој спорт во РС Македонија не може да се егзистира. Ни треба поддршка и да се категоризира бодибилдингот како другите спортови, за да имаме финансиска поддршка и нормално, да бидеме наградени и да имаме повеќе мотивација да вложуваме и на страна да ги браниме боите на татковината како јас што ја претставувам државата веќе трета година со сите златни титули, дополни Акиевска.
Рече, не е ни малку лесно да се одржи формата и да се достигне светско ниво.
Мери Акиевска. Фото: Фејсбук профил од Акиевска
– Диетите се макотрпни, се одрекуваш од нормалниот режим на исхрана, преминуваш на протеинска исхрана збогатена со протеински влакна, хидрати, но тоа е одредено со време и по мерка за да дојдеме до потребната форма и облини кои се непобедливи. Во иднина ќе продолжам со надградба на моите способности и потенцијали, надевајки се на целосна поддршка од државата и се надевам ќе имам и финансиска подршка за повеќе освојување на титули, за да преминеме во професионалци со огромен успех со кој сите ќе се гордеат, додаде Акиевска.
Таа се натпреваруваше во категорија до 163 сантиметри на ова Светско првенство во конкуренција на над 1 500 учесници од над 100 држави. Акиевска настапи под капата на Бодибилдинг фитнес федерацијата на РС Македонија,а делегацијата ја предводеше претседателот Бобан Ѓороски.
Астон Вила го преслуша Манчестер Јунајтед на „Вила Парк“
Aston Villa оствари значајна победа од 2:1 против Manchester United во натпревар од 17. коло во Premier League, одигран на „Вила Парк“.
Домашниот тим поведе пред крајот на првото полувреме кога Морган Роџерс погоди во 45. минута, по асистенција на Мекгин. „Црвените ѓаволи“ возвратија во судиското продолжение од првиот дел, кога Матеус Куња израмни на 1:1.
Во второто полувреме, Вила повторно ја презеде иницијативата, а повторно стрелец беше Роџерс, кој во 58. минута го постигна победничкиот гол по додавање од Оли Воткинс. До крајот на мечот Манчестер Јунајтед не успеа да се врати во игра, иако се обиде со неколку измени и офанзивен притисок.
Гостите добија и две жолти картони, на Угарте и Далот, што дополнително го отежна нивниот обид за пресврт.
Со оваа победа, Астон Вила продолжува со добрата форма на домашен терен и останува во чекор со екипите од горниот дел на табелата, додека Манчестер Јунајтед запиша уште еден неуспех во борбата за стабилност сезонава.
Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација
Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.
Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.
Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.
Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал
Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.
Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.
Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.