“МОЖЕ ЌЕРКА ДА ТИ БИДЕ, СТАР СИ ЗА НЕА“ Го нападнале пејачот поради врската со 15 години помлада девојка

Откако раскинал со колешката Данијела Мартиновиќ со која бил во врска повеќе од две децении, пејачот Петар Грашо извесно време е во врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ.

Многумина биле изненадени кога Петар и Хана ја објавиле својата врска, со што и мислењата се подлени кога тие се во прашање. Додека едни ја подржуваат нивната љубов, ги има и оние кои ги прозиваат со коментари на социјалните мрежи.

Имено, на една фан страница испливала нивна заедничка фотографија за која поединци го осудиле пејачот поради врската со помлада девојка.

“Мени ми личат како брат и сестра кога ќе ги погледам, никако како вљубен пар“, “Данијела е закон за него“, “Грашо престар си за Хана. Може ќерка да ти биде“, гласеле некои од коментарите.“

Сепак, имало и такви кои ја подржуваат нивната љубовна врска.

“Преубави сте. Тоа е љубов“, “Нека живее љубовта. Фановите треба да ги инересира само музика“, напишале фановите.