Скопје и официјално има жена градоначалник, Шилегов и подари цвеќе (ФОТО)

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Град Скопје и таа е првата жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.

Арсовска денеска на првиот работен ден како градоначалничка на Скопје на сакаше да дава изјави за медиумите, но рече дека во среда ќе има брифинг со новинарите.

Шилегов, пак, откако ѝ подари букет на новата градоначалничка, рече дека ја запознал Арсовска со основните работи кои се важни за функционирањето на Градот.

– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа – рече Шилегов.

На локалните избори, Данела Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник Петре Шилегов.