Connect with us

Македонија

Апасиев: Некој се обидел да ми го хакне Фејсбук профилот

Published

on

Македонија

Не се дишеше во Македонија овие денови, но да кажам нешто за 165-те волонтери – моќен статус на Александра од Црвен крст

Published

on

Вкупно 165 волонтери беа ангажирани за да им помогнат на семејствата погодени од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во најтешките денови за Македонија. Тие беа на сите страни, сета своја енергија ја вложуваа во помагањето, осигурувајќи се дека на време ќе се стигне, дека ќе им се помогне на оние на кои би им се слошило и дека ќе се донесе сè што е потребно.

Александра Ристовски од Црвениот крст на социјалните мрежи објави статус во кој ја истакна посветеноста и грижата на волонтерите.

“Сѐ се пишуваше, нема втора проверка, нема задршка на размислување, нема прашање да не повредам некого, едноставно сѐ излезе на површина, и тоа што требаше и тоа што не требаше. А не секогаш е време за сѐ. Има време кога се молчи, кога се тагува, кога се тихува, кога треба да се сработи, кога треба да се уважи, кога треба да се радува…

Не се дишеше овие денови во Македонија. Огромен камен нѐ притискаше сите нас. Најтажна пролет за земјата, за семејствата, за мајките, за сестрите, за браќата… за заедницата.

Но, да кажам и да напишам неколку збора за оние 165 кои изминатите денови беа во црвените униформи со знак на Црвен крст. Тие секаде ги гледавме, на извлекување на телата, на идентификација на телата, на носење на облеката на жртвите, на последно збогум во капелата, на погребите, на СОС телефоните, на поделба на водата, на подавање на ќебиња пред болниците, во смирување на семејствата…Тие 165 се и млади и возрасни, и волонтери и професионалци, искусни (каде се добива вакво искуство?) и неискусни, но сепак само луѓе. Дел од нив ги познаваа жртвите и повредените, со некои другарува, со некои растеа, со некои одеа заедно на училиште… верувам дека им било претешко. Некои од нив беа 24 часа на терен. Им ја чувствуваме тежината, притисокот кој го носат, емоциите кои ќе експлодираат… но важно беше да се остане смирен, прибран и достоинствено сѐ да се заврши.

Се завршивте, бевте на ниво на оваа претешка и претажна задача, и ви благодариме во името на сите нас.

Сега е време на тагување по вашите сакани, по вашите другари и другарки. Нека им е лесна земјата на оние кои не се повеќе меѓу нас, а на останатите да се вратат дома, добри и здрави кај своите семејства!” стои во статусот на Александра Ристовски од Црвениот крст.

Continue Reading

Македонија

„А мене со вас ме нема“: Ќе се наежите од снимката на која е Панчо

Published

on

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во моментот не е во животна опасност, соопшти стручниот лекарски конзилиум во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што се лекува.

„Пациентот Владимир Блажев-Панчо од приемот до денес се наоѓа во единицата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување на интензивното лекување, она што можеме да кажеме е дека пациентот е стабилен и дека во моментот е надвор од животозагрозувачка состојба. Неговото лекување продолжува во единицата за интензивна нега, во третманот е вклучен мултидисциплинарен тим лекари со цел да овозможат најдобра медицинска грижа“, велат од „Аџибадем Систина“ и нагласуваат дека информацијата за здравстената состојба на Панчо е дадена од страна на лекарскиот тим, кој е одговорен за неговиот третман и е единствена официјална информација потврдена од болницата.

„Во ваква исклучително сензитивна состојба во која се наоѓа државата, да не дозволуваме простор за шпекулации и непроверени информации“, велат од болницата по разните вести за состојбата на Панчо, кои главно се шират на социјалните мрежи

А ова е снимка каде Панчо ја пее најпознатата песна од Џеј- „Недења“- Недела. Ќе се наежите од гласот и емоциите.

Погледнете:

Извор: Машки Магазин

Continue Reading

Македонија

Благодарност на претседателката Сиљановска-Давкова за изразеното сочувство од светските лидери за трагедијата во Кочани

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати јавна благодарност на претседателката Сиљановска-Давкова за формално изразеното сочувство од светските лидери за трагедијата во Кочани.

На последниот ден од седумдневната жалост за загинатите 59 жртви во пожарот во Кочани, на 16 март, претседателката Гордана Сиљановска-Давковка упати благодарност за изразите на сочувство добиени од светските лидери.

Како што пренесува порталот МКД.мк кој цитира соопштение објавено на веб страната на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова таа им се заблагодарува на педесетина кралеви, претседатели и други функционери кои упатиле формално сочувство до неа за трагедијата во Кочани.

„Претседателката Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во лично име, изразува неизмерна благодарност за изразеното сочувство за трагедијата што се случи во Кочани, од:

Н.В. Кралот Чарлс III, крал на Обединетото Кралство
Н.В. Кралот Карл XVI Густаф, крал на Кралството Шведска
Н.В. Кралот Фелипе VI, крал на Кралството Шпанија
Н.Е. Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан
Н.Е. Луонг Куонг, претседател на Социјалистичка Република Виетнам
Н.Е. Константинос Тасулас, претседател на Република Грција
Н.Е. Вагн Хачатријан, претседател на Република Ерменија
Н.Е. Серџо Матарела, претседател на Италијанската Република
Н.Е. Касим-Жомарт Токаев, претседател на Република Казахстан
Н.Е. Садир Јапаров, претседател на Киргистанска Република
Н.Е. Вјоса Османи Садриу, претседател на Република Косово
Н.Е. Марсело Ребело ди Соза, претседател на Португалската Република
Н.Е. Петер Пелегрини, претседател на Република Словачка
Н.Е. Наташа Пирц Мусар, претседател на Република Словенија
Н.Е. Реџеп Таип Ердоган, претседател на Република Турција
Н.Е. Томаш Шујок, претседател на Унгарија
Н.Е. Зоран Милановиќ, претседател на Република Хрватска
Н.Е. Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора
Н.Е. Петр Павел, претседател на Република Чешка
Н.Е. Отец Џон Данлап, Големиот господар на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта
Н.Е. Андрија Мандиќ, претседател на Собранието на Црна Гора
Н.Е. Жељко Комшиќ, член на Претседателство на Босна и Херцеговина
Н.Е. д-р Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина
Атанас Зафиров, вицепремиер и претседател на Националниот совет на Бугарската Социјалистичка Партија, „БСП – Обединета Левица“
Н.Б.С. Архиепископот на Константинопол – Новиот Рим и Вселенски Патријарх г.г. Вартоломеј
Луиз Мушикивабо, генерален секретар на Меѓународната организација на франкофонијата
Н.Е. Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Н.Е. Сецуко Кавахара, амбасадор на Јапонија
Н.Е. Мишел Камерон, амбасадор на Канада со седиште во Белград
Н.Е. Алехандро Зотнер Мејер, амбасадор на Аргентинската Република со седиште во Софија
Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија
Д-р Ирена Радовиќ, гувернер на Централна банка на Црна Гора“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката.

Преходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова јавно им се заблагодари на претседателите на Бугарија – Радев, Србија – Вучиќ, Албанија – Бегај и други кои ја исконтактирале утрото на трагедијата и понудиле помош за Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк