Connect with us

Скопје

ИНЦИДЕНТ НА СКОПСКАТА ГАЛИЈА: „Кај Петре сега да одите, п**ка ви м**ер“ (ВИДЕО)

Спирко Блажевски, угостител од Скопје, денеска упадна на галијата во реката Вардар која пред неколку недели, по налог на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов почна да се руши, на својот Фејсбук профил се пофали со видео од тоа како ги брка работниците, ангажирани за рушење на објектот.

На видеото се слуша како тој ги испрашува работниците преку која фирма се ангажирани, а тие му одговараат преку „Улици и патишта“. Потоа Блажевски ги убедува дека треба да си заминат од галијата бидејќи е негова сопственост и бара од нив да го кажат името на газдата од фирмата за која работат.

Збунетите работници не знаат што да му одговорат, а Блажевски дрско им се обраќа дека „Шилегов изгуби, пакувајте се и одете си! Ова е како дома да ми рушите, милион и двеста ме кошта ова“, им вели тој.

Тројцата работници тргнуваат кон скалите на галијата, а Блажевски замавнува со клоци и им се заканува со пцовки: „Кај Петре да одите, пи*ка ви ма*ер“.

Инцидентот се случил после 13 часот, и засега нема информации дали е пријавен во полиција. Во септември кога започна рушењето на галијата дојде до партиски прекувања: „Рушењето на Галијата е изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење“, реагираа од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ чинот го нарече „чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов, Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво“, реагираа тогаш.

Инаку, дислокација на галиите беше едно од главните ветувања на Шилегов во неговиот прв мандат, но рушењето започна на 18 септември годинава, откако претходно во неколку наврати се закануваше дека ќе го стори тоа поради тоа што сопственикот со месеци не плаќал кирија за истата, со што се создала можност да се раскине договорот.

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг