Connect with us

Македонија

ОДВРАТНО: Снимал со мобилен додека сексуално злоставувал деца од 7 и 5 и пол години

Маж на возраст од 42 години од Кавадарци доби 15 години затвор за кривичното дело полов напад врз дете. Пресудата ја донесе Основниот суд Кавадарци, а предметот го водеше судијата Лазар Нанев. Настанот за кој е осуден се случи во 2020 година кога, според Обвинителството тој во повеќе наврати извршил полови дејствија врз деца на возраст од 7 и 5 и пол години. Жртвите врз кој вршел полови дејствија ги снимал со неговиот мобилен телефон. Обвинетиот не признал вина за кривичното дело за кое му се судеше. 

„Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон”, соопштија од Обвинителството во март, годинава.

За изречената пресуда денес соопшти Основниот суд Кавадарци.

„Поради интересот на јавноста, Основниот суд Кавадарци известува дека петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Лазар Нанев, како претседател на кривичниот совет спрема обвинетиот В.Т. за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години по член 188 став 1 вв член 45 донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече казна затвор од 15 години”, соопштија од судот.

Обвинетиот по откривање на овој настан беше во притвор. 

Македонија

Ахмети повика на протест во знак на поддршка за поранешните лидери на ОВК обвинети за воени злосторства во Хаг

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, соопшти дека следен протест за поддршка на поранешните команданти на ОВК, на кои им се суди во Специјализираните комори во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Според најавата, протестниот собир ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во главниот град.

„На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопје за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, прецизираше лидерот на ДУИ.

Ахмети упати повик до Албанците да се приклучат на собирот, истакнувајќи ја целта за „демонстрирање на чистата борба за слобода и независност“.

Лидерот на ДУИ претходно учествуваше и на двата големи протести организирани во Приштина и Тирана, кои исто така беа посветени на поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг, на обвинителна клупа се наоѓаат и  Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се товарат за воени злосторства извршени за време и по војната на Косово.

Извор: https://politika.com.mk/archives/48700?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b4%d1%80%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf

Continue Reading

Македонија

Екстремни врнежи на удар: До 40 литри дожд по квадратен метар – опасност од локални поплави

Денес Македонија е под директен удар на голем и моќен влажен бран кој пристигнува од југ, носејќи со себе драматична промена на времето!

Не очекува тотално облачно небо над целата земја, проследено со интензивни врнежи од дожд кои ќе ја зафатат секоја општина.

Врнежите нема да бидат само обични – се очекуваат обилни количини на вода, особено во јужните региони на земјата! Таму, метеоролозите алармираат дека на локално ниво за само 24 часа може да наврнат над 40 литри на квадратен метар, што значи дека е можна појава на локални излевања и проблеми во сообраќајот!

На повисоките места, пак, се враќа зимата! На планините, на надморска височина над 1700 до 1800 метри, дождот ќе почне да преминува во снежни врнежи, кои ќе формираат нова покривка на планинските врвови.

Властите повикуваат на максимална претпазливост, особено во југот на државата, поради очекуваниот пороен дожд!

Continue Reading

Македонија

Секој трет граѓанин во Македонија се соочува со мито, покажува новиот извештај на МЦМС

Секоја трета личност во Македонија се соочила со барање или дала мито за да заврши административна или институционална обврска, покажува новиот извештај за корупција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата изјави дека на 37% од испитаниците им било побарано мито, а 31% признале дека навистина дале мито за да ја добијат услугата што ја барале. Според него, корупцијата е втор најголем општествен проблем во земјата и, загрижувачки, „во голема мера прифатена“ во секојдневието.

Извештајот укажува на ниска доверба во правосудството – судиите и обвинителите се меѓу институциите со најниска оценка кај граѓаните, додека довербата во Парламентот е нешто повисока.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, порача дека Европската унија останува посветена на поддршката во борбата против корупцијата, но предупреди дека веќе три години нема значителен напредок. Тој апелираше за нов Кривичен законик, суштински реформи и деполитизација на правосудството.

Швајцарскиот и шведскиот амбасадор, Кристоф Зомер и Ола Сулстром, нагласија дека потребен е системски, долгорочен пристап за реални резултати, додека ОБСЕ порача дека промените се достижни само со активна и искрена имплементација на реформите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг