Connect with us

Скопје

Во Бутел, избоден со нож вработен во Општината

Published

on

Вработен во Општина Бутел, утрово во непосредна близина на општинската зграда, бил прободен со нож, по што е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Ваков инцидент регистрирало и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што ги соопштуваат само иницијалите на инволвираните.

-Во 7:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот и засега нема информации за причините за нападот.

Скопје

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, додели 1 милион денари финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Published

on

На вонредната седница на Советот на општина Чаир беше усвоен предлогот за доделување на 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Овој чин претставува израз на солидарност и заложба на заедницата во Чаир за поддршка на оние на кои им е најпотребна по трагичниот настан. Градоначалникот Висар Ганиу ја нагласи важноста на оваа одлука и потврди дека Чаир ќе продолжи да биде покрај оние што се соочуваат со тешки времиња.

Ганиу истакна дека ова е само почеток на ангажманот за обезбедување поддршка и дека е важно секој граѓанин да се чувствува поддржан од институциите и заедницата.

„Почестен сум што можеме да дадеме придонес за помош на овие семејства и убеден сум дека ова е само првиот чекор. Чаир ќе продолжи да биде покрај овие луѓе во секој момент за да ги поддржи во овие тешки времиња. Непоколебливо ќе продолжиме со нашата заложба за обезбедување поддршка и за тоа секој граѓанин да се чувствува поддржан и ценет од заедницата и институциите што ги претставуваат“, напиша Ганиу.

Continue Reading

Скопје

Муслиманите од Скопје ги канат семејствата на повредените на ифтарска вечера во Чаир

Published

on

Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, да им се придружат на ифтарска вечера во паркот во Чаир.

„Ги покануваме и семејствата на сите лица кои беа погодени од трагедијата што се случи во Кочани да ни се придружат на ифтарската софра во паркот на Чаир, доколку се наоѓаат во болниците во Скопје“, напиша Нусрет Куртиши на својот Фејсбук профил.

Continue Reading

Скопје

Уапсени двајца 18-годишници кои славеа со огномет синоќа во Скопје

Published

on

Вчера околу 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на 18-годишните М.Ф. и М.Ф., двајцата од Скопје, бил запален огнометот.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк