Пендаровски: Прашање на месеци е кога Заев ќе се повлече од политиката

Неколку пати во изминатиов месец разговарав со премиерот Заев моето чувство и мотивите и причините за неговата оставка не се само политички туку и длабоко лични, вели шефот на државата, Стево Пендаровски, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

„Јас мислам дека независно од последните најави, од вчера дека тој ќе остане уште извесен период, јас мислам дека неговото повлекување од политиката е прашање на месеци.Затоа што кога одите во некаква политичка одлука, повлекување од политика што е прилично крупна ,одлука по толку години односно по две тешки поминати години бомбите, референдум … таму мора да има сет на мотиви и причини и тоа не е прекршено преку ноќ.“, додава Пендаровски.