Connect with us

Македонија

Затвор ли е Идризово, кафана ли е ? (Видео)

Published

on

Ова се терористите од Диво Насеље. #СакамДаПрашам

1. Дали се дозволени вакви седенки во затвор?

2. Дали се дозволени мобилни во затвор?

3. Дали е дозволено музика во затвор?

4. Дали е дозволено вакво гоштевање во затвор?

5. Дали директорот на Идризово им дозволил ова?- пишува на видеото од затворот во Идризово кое се појави на Твитер.

Македонија

„Вреди“ за интерпелацијата за Меџити: ДУИ повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Published

on

Со вчерашното гласање, додаваат од владејачката коалиција, првиот вицепремиер и министер Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борба против корумпираното раководство на ДУИ

ДУИ повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група – реагираат од владејачката „Вреди“, алудирајќи на трите гласа поддршка што синоќа во Собранието ги дадоа пратениците на „Европскиот фронт“ за интерпелацијата, која токму оваа пратеничка група, ја поднесе за работата на вицепремиерот и министер Изет Меџити.

„Само тројца пратеници успеаја да гласаат ‘за’ интерпелацијата за Изет Меџити, што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ. Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, а денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото“,

реагираат од владејачката „Вреди“.

Со вчерашното гласање, додаваат оттаму, Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борба против корумпираното раководство на ДУИ.

„’Вреди’ апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ“,додаваат од владејачката коалиција на партиите на Албанците.

Со само три гласа „за“ и 64 „против“ Собранието синоќа ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити кој доаѓа од редовите на коалицијата „Вреди“.

Интерпелацијата ја поднесе опозицискиот „Европски фронт“, предводен од ДУИ.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Published

on

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ, велат од ВЛЕН.

-Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група.

Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото.

Нивната изолација е очигледна, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи се погласно и почесто да се спротистават на погубните политики на нивното раководство.

Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците.

ВЛЕН апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ, стои во партиското соопштение.

Continue Reading

Македонија

СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОКРИЕНО СО СНЕГ Врнежите ќе почнат оваа ноќ

Published

on

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои, почнувајќи од север, ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

В недела, на 12 јануари, во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови, ќе бидат обилни (локално над 40 литри на метар квадратен). Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 сантиметри). Позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и поради засилениот северен ветар, ќе има појава на голомразица и снежни наноси

Повремени врнежи од снег ќе има и в понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје, почнувајќи од денеска, во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк