Се омажи Парис Хилтон: Како изгледаше луксузната свадба (Фотогалерија)

Парис Хилтон (40) за прв пат го кажа судбоносното „да“. Ријалити ѕвездата и богатата наследничка се омажи за Картер Реум (40) во четвртокот во Лос Анџелес по двегодишна врска. Пред него таа беше свршена три пати, но никогаш не отиде чекор понатаму.

Парис и Картер се свршија во февруари оваа година, во пресрет на Денот на вљубените, а нејзините обожаватели можеа да ги проследат нивните свадбени подготовки во серијата „Paris in Love“ на PeacockTV.

Хилтон претходно најави дека на церемонијата ќе се пресоблече десет пати, а утрово на социјалните мрежи покажа една од венчаниците.

– Моето „засекогаш“ започнува денес! Штотуку мажена – напишала под својата фотографија на која позира во венчаница од тантела, со бел превез на лицето.

Меѓу гостите во Париз на свадбата во Бел Ер имаше и голем број ѕвезди. Свеченоста не ја пропуштија пејачките Бебе Реџа и Пола Абдул, актерката Ема Робертс, актерот Еван Рос и многу други, пишува ENews.

Најголемо внимание привлече нејзината мајка Кети Хилтон која за свадбата на ќерката облече бел фустан со срце.