Connect with us

Македонија

ГРУЕВСКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ: Бугарските офицери сакале да одржат парада, Апостолски збеснал…!

Фејсбук статус на Никола ГРУЕВСКИ:

Ослободувањето на Скопје од фашистичката окупација е воен триумф на македонските партизани во Народно-ослободителната борба.

Тој триумф имал и своја цена, а тоа се 426 борци-жртви во акциите, не сметајќи ги цивилите на 12. и 13. Ноември, но и ден подоцна, на 14. Ноември, кога Скопје е веќе ослободено, но сè уште се вршат последните масовни акции за чистење на теренот од фашистичките окупатори во различни делови на градот.

Ослободувањето на Скопје е сложена и обемна операција со висок ризик на голем број партизански дивизии и батаљони кои координирано, главно пешадиски, по опколувањето на градот во координиран напад, во улични битки и престрелки го истиснуваат окупаторот.

Тоа е во време кога веќе на 5 септември 1944 година во Бугарија настана превратот и фашистичката власт е заменета со комунистичка.

По краткото повлекување на бугарската војска на 5 септември, новата власт повторно пратила војска, овој пат со цел да помогнат во ослободувањето од фашистите, а последните бедеми на одбраната на окупаторот се германските војници и балистите.

Сите ние кои не сме современици на тоа време, се запознаваме од настаните, од оставените записи и сведоштва. Тие говорат дека пред ослободувањето на Скопје, се случиле ослободувањата на Штип и Велес каде бугарската војска не земала активно учество и била стационирана во непосредна близина.

Бројни херои-учесници во ослободувањеро на Скопје во своите спомени сведочат за тоа време.

Командантот на партизанските единици, генерал Михајло Апостолски за ова сведочи со следните зборови:

“Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот. Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем револт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пушка не пукнале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот.“

Многу поексплицитен е првоборецот и генерал во НОБ, Боро Чушкар, кој во неговите мемоари и сеќавања ги опишува настаните и говори за манипулацијата на Радио Софија која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека бугарскиот Генерал Стојчев лично го ослободил Скопје:

“Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш. Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше Генерал-мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.

Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?

Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себе си и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав: „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.
„Сичко ми е јасно“, рече тој.

Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија.“

Скопје и пред и по Втората светска војна имало и ќе има нови предизвици во неговиот развој и секоја генерација треба да се труди да остави што посилен белег во тој развој, како што и јас и моите соработници вложивме големи напори и направивме огромен број дела и активности во тој правец кога бевме на одговорни функции доверени од граѓаните
Нека е честит денот на ослободувањето на Скопје!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=442334153922521&id=100044378201385

Македонија

Мицкоски: Обвинителството да постапува против ширењето паника и страв за мигрантите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика Јавното обвинителство да преземе мерки против, како што рече, организираното ширење паника и страв во јавноста поврзано со мигрантското прашање.

Мицкоски изјави дека ваквите појави, кои според него доаѓаат од структури блиски до СДСМ, претставуваат сериозен проблем и форма на психолошко насилство врз граѓаните. Тој нагласи дека дезинформациите и алармантните пораки за наводни мигрантски сценарија создаваат несигурност и вознемиреност кај населението.

Според него, институциите треба да се фокусираат на утврдување одговорност за оние кои, без докази, шират страв и ја нарушуваат јавната стабилност. Мицкоски истакна дека безбедносните политики мора да се водат одговорно и транспарентно, без политички манипулации.

Тој додаде дека државата има обврска да ја штити безбедноста на граѓаните, но и да спречи злоупотреба на чувствителни теми за дневнополитички цели, нагласувајќи дека ширењето паника не смее да остане неказнето.

Continue Reading

Македонија

Претреси и апсења на повеќе локации во Скопје, приведени 14 лица

Во координирана акција на полициските служби низ повеќе локации во Скопје, приведени се 14 лица, соопштија од надлежните органи.

Акцијата била спроведена рано утрово и вклучувала претреси на различни адреси во главниот град. Како што се наведува, мерките биле преземени по претходни оперативни сознанија, а насочени се кон откривање и сузбивање на организирани облици на криминална активност.

Полицијата потврди дека сите 14 приведени лица се задржани за понатамошни разговори и дека истрагата продолжува. За дел од нив се претпоставува дека се поврзани со ист предмет, а по комплетирање на доказниот материјал, од страна на надлежното обвинителство се очекуваат и официјални обвинувања.

Од МВР информираат дека ваквите акции се дел од континуираните напори за борба против криминалот и за зголемување на чувството на безбедност кај граѓаните. Полицијата апелира до сите лица да соработуваат со службите и да ги почитуваат законските процедури.

Во текот на денот се очекуваат дополнителни информации за причините за приведувањата и евентуалните правни квалификации на делата за кои се сомничат лицата опфатени со акцијата.

Continue Reading

Македонија

Африм Гаши го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната собраниска комисија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот Јанчев до надлежната собраниска комисија, информираат од законодавниот дом.

Постапката е иницирана согласно Деловникот на Собранието, а Комисијата треба да го разгледа доставеното барање и да даде мислење, по што конечната одлука ќе ја донесат пратениците на пленарна седница.

Од Собранието појаснуваат дека ваквата процедура е редовен институционален процес кога надлежните органи бараат укинување на имунитет со цел да се овозможи водење на понатамошна постапка.

Засега нема дополнителни информации за роковите во кои Комисијата ќе постапува, ниту за деталите поврзани со предметот, но се очекува институциите да постапат во рамките на своите законски надлежности.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг