Миа Тодорова доби сребрен медал на Европското првенство во кик-бокс ?

Младата македонска кик-боксерка Миа Тодорова го освои сребрениот медал на Европското првенство за постари кадети и јуниори кое се одржува во Црна Гора.

Во борбата за злато во категоријата до 65 килограми, Тодорова загуби од Русинката, Пеливан Ајшегул со 3-0. Тодорова единствена донесе сребро за Македонија од ова ЕП и тоа во дисциплината К1.

Извор: Екипа.мк.